header

ДЕКЛАРАЦИЈА

Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество

 

Поттикнати од предизвиците поврзани со доброто владеење со кои се соочуваме години наназад, а кои ги подриваат основните демократски вредности, организациите на граѓанското општество кои работат на полето на доброто владеење ја идентификуваа потребата за здружено делување во насока на подобрување на доброто владеење;

Свесни за неопходноста од сеопфатен ангажман на разлчните општествени чинители и воедно соочени со недостаток од политичка волја и соодветни ресурси неопходни за унапредување на демократските процеси;

Одлучни во надградбата и унапредувањето на принципите на доброто владеење кои опфаќаат транспарентност, отчетност, партиципативност и одговорност како фундаментални вредности на демократските општества;

Уверени дека само со зголемен ангажман на граѓанското општество во процесите на демократизација на Република Македонија на национално и на локално ниво, може да се очекува подигнување на стандардите за добро владеење;

Водени од потребата за зголемување на ефективноста на инцијативите на граѓанското општество во борбата против корупцијата, подобрувањето на транспаратноста и отчетноста во работењето на јавните институции, и вклучување на граѓаните во процесите на креирање политики и донесување одлуки, која може да се ефектуира само преку здружување и вмрежување на граѓанските организации и граѓанките и граѓаните кои тие ги претставуваат;

Потписниците на оваа декларација се здружуваат во:

 Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество

 Мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество прeтставува платформа за соработка на граѓански организации, неформални инцијативи и поединци кои работат на полето на доброто владеење. Таа се стреми кон унапредување на доброто владеење како еден основните предуслови за демократизација на општеството и напредок во евро-атланските интеграции на РМ.

Мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество преку своето делување ќе се стреми да ги исполни следните цели:

  • Зајакнување на капацитетите на граѓанското општество во полето на доброто владеење преку едукација, вмрежување, размена на искуства и добри практики;
  • Континуирано идентификување на актуелни проблеми од областа на доброто владеење кои директно ги засегаат локалните заедници и вклучување на заедниците во креирање и имплементација на решенија;
  • Креирање и промовирање јавни политики и пракси за доследно почитување на принципите на доброто владеење и нивно унапредување на локално и национално ниво;
  • Развиен систем за надлегудвање и известување за степенот на имплементација на стандардите на добро владеење на локално и национално ниво;
  • Подигнување на свеста на јавноста за потребата за унапредување на доброто владеење и активно вклучување на граѓанките и граѓаните во процесите на креирање јавни политики.

Мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество се залага за своите идеи преку развивање на заеднички ставови и нивно промовирање пред националните и локални институции преку изготвување на документи и извештаи, спроведување на кампањи, медиумски промоции, учество на конференции и семинари, како и редовни средби со претставници на институциите и другите релевантни актери.

Мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество функционира по принципот на додадена вредност за своите членки. Нејзината работа ги надополнува активностите на членките, и искористувајќи ги и потпирајќи се на нивната специфична стручност  таа се приклучува и работи во области каде ќе процени дека здруженото делување е поефикасно.

Мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество во својата работа ги вклучува сите организации, иницијативи и поединци кои ќе се обврзат на оваа декларација, ќе ги почитуваат принципите и вредностите за кои се залага мрежата, и кои континуирано и доследно ќе работат на постигнувањето на целите на мрежата.

Со работата на мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество раководат сите нејзините членки по принципот на ротирачко лидерство. Во мрежата се одлучува хоризонтално и консензуално, во консултација со сите членки.

Мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество дистрибуира информации и ги промовира политиките кои се од интерес на своите членки, има свое лого и веб срана.

Организациите/Институциите кои ја потпишаа декларацијата – Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество се:

  1. Фондација Метаморфозис, Скопје
  2. Македонски Центар за Европско Образование, Скопје
  3. Еколошко Друштво ’’ Вила Зора’’, Велес
  4. Фондација за развој на локалната заедница, Штип
  5. ЗЗУЖС Еко Логик, Скопје
  6. Здружение Центар за одржлив развој на заедницата, Дебар
  7. Здружение Млади европски федералисти, Куманово
  8. Здружение „НОВУС“, Струмица
  9. ДРЕПП, Дебар
  10. ХДЗП „Месечина“, Дебар
  11. ОЗОН 3, Дебар
  12. Центар за едукација и развој “ЦЕД”, Теарце
  13. Здружние за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности “МОТУС”, Куманово
  14. Ромски младински центар “РМЦ”, Куманово
  15. Центар за ромска заедница “ДРОМ”, Куманово
  16. Здружение Студентска Организација “Излез”, Скопје
  17. Здружение “УМСА”, Тетово
  18. Здружение на граѓани без работа “Светла Визија”, Штип
  19. Здружение за развој на култура и заштита на културно наследство “Контекст”, Струмица
  20. Здружение на лица со телесен инвалидитет “Мобилност”, Струмица
  21. Еколошко друштво “Планетум”, Струмица
  22. Организација на жени, Струмица
  23. Еко Живот – РЕЦ, Кавадарци
  24. Здружение за граѓанско општество „8-ми Септември“, Скопје
  25. Eco Action, Тетово
  26. NGO Smart Up, Скопје

footer

Adrijana SelmaniNEAPВести
ДЕКЛАРАЦИЈА Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество   Поттикнати од предизвиците поврзани со доброто владеење со кои се соочуваме години наназад, а кои ги подриваат основните демократски вредности, организациите на граѓанското општество кои работат на полето на доброто владеење ја идентификуваа потребата за здружено делување во насока на подобрување на...