Во склоп на проектот „Мрежа од организации за ефикасно активно учество“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Македонскиот ентар за европско образование (МЦЕО), со финансиска помош од Европската унија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“, Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип на 28 мај 2015 година во хотел Оаза во Штип го презентираше проектот „И паркингот е животен стандард“. Овој проект се спроведува во соработка со партнерските организации во проектот: Детски парламент на Македонија за Штип и Карбинци, ЕД „Виножито“, Здружение на граѓани без работа „Светла визија“ и Авто мото друштво Штип.

DSC_0234

Целта на проектот „И паркингот е животен стандард“ е:

  • Поголемо вклучување на граѓаните во креирањето на локалните политики
  • Да се мобилизира пошироката јавност во решавање на приоритетите;
  • Да се подготви документ за јавна политика;
  • Да се поттикне пошироката јавност и НВО да извршат притисок врз локалната самоуправа за потранспарентно управување со јавните средства.

На присутните им беа презентирани главните активности кои се проектирани и временската рамка на нивна реализација: Петицијата за укинување на наплатата на паркингот во Штип, дебати со релевантни институции, граѓани и медиумите како и креирањето на документ за јавни политики како алатка за лобирање пред институциите.

Се презентираше и декларацијата „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, која претставува платформа за соработка на граѓански организации, неформални инцијативи и поединци кои работат на полето на доброто владеење. Таа се стреми кон унапредување на доброто владеење како еден основните предуслови за демократизација на општеството и напредок во евро-атланските интеграции на РМ. Со тоа што на овој настан три граѓански организации ја потпишаа декларацијата, со што и се приклучија во Мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество.

DSC_0226

По презентацијата на проектот „И паркингот е животен стандард“ се отвори дискусија за проблемот со паркинг просторот во Штип. Исто така се постави и прашањето колку е уставна одлуката на општината да наплатува паркинг на простор за кој граѓаните веќе плаќаат такса за оддржување. Генералниот заклучок од дискусијата е дека е неопходно преиспитување на одлуката на локалната самоуправа во Штип за наплата на паркинг просторот и постоење на потреба од одржливо управување на паркингот со вклучување на експертите и на самите граѓани при изработката на моделот.

Голем интерес меѓу присутните имаше за петицијата за укинување на наплатата на паркингот, за динамиката и начинот на нејзиното спроведување. Мнозинството присутни ја оценија како неопходна за поголемо фокусирање кон проблемот од страна граѓаните но и на властите.

На настанот присуствуваа 13 претставници од граѓански организации и 4 претставници на локални медиуми и онлајн портали кои ја споделија веста за овој јавен настан како и целта на овој проект, во продолжение се наведени сите објави од медиуми за овој настан:

DSC_0220

Овој проект е имплементиран во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно граѓанско учество“ спроведен од Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Македонскиот ентар за европско образование (МЦЕО), со финансиска помош од Европската унија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“.

http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/07/DSC_0220-1024x768.jpghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/07/DSC_0220-300x300.jpgAdrijana SelmaniВестиНастаниПромотивни настани
Во склоп на проектот „Мрежа од организации за ефикасно активно учество“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Македонскиот ентар за европско образование (МЦЕО), со финансиска помош од Европската унија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“, Фондацијата за развој на локалната заедница...