Комуникациски пораки или што соопштуваме
Комуникациските пораки се дефинираат за секоја јавност посебно. Интересот на Комисијата е различен кон различните јавности, па оттаму и пораките и информациите што ги пренесуваме се различни.Природата на целните групи е основниот критериум за креирање на комуникациските пораки, но и на пристапот на обраќање, тонот на пораките (информативен, неутрален, наредбодавен), како и јазикот на обраќање.Она што ù го соопштуваме на јавноста мора да биде лесно разбирливо. Комуникациската порака мора да биде јасна, да дава одговор, а не да предизвикува лавина нови прашања.

Пример: Порака до советниците и до градоначалникот

Пораката што комисијата ќе ја испрати до советниците, истовремено треба да ги натера да ја увидат реалната потреба од подготовка и од усвојување на Програмата, да ги информира за бенефициите од едукацијата и запознавањето на младите со културата од различните етнички заедници. Останатите граѓани ќе ги информираме за намерите на комисијата, а пораката испратена до училиштата и до невладините организации треба да овозможи навремена координација на сите активности.

 

http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/04/kom.poraki-ili-sto-soopst.pnghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/04/kom.poraki-ili-sto-soopst-300x300.pngadminОдноси со јавноста
Комуникациски пораки или што соопштуваме Комуникациските пораки се дефинираат за секоја јавност посебно. Интересот на Комисијата е различен кон различните јавности, па оттаму и пораките и информациите што ги пренесуваме се различни.Природата на целните групи е основниот критериум за креирање на комуникациските пораки, но и на пристапот на...