Начини и алатки за комуникација
Изборот на начините и алатките за комуницирање зависи од природата, интересите и од навиките на целната публика, но, исто така, зависи и од тоа со какви комуникациски канали располага општината и, секако, од висината на финансиските средства за таа намена.Главен критериум во изборот на методите и на алатките за комуникација претставува нивната соодветност на: поставените цели, публиката, пораката и можноста за реализација. Во повеќе мали општини низ Македонија, на пример, комуницирањето со јавноста преку медиумите претставува проблем, зашто во овие заедници нема локални медиуми, а интересот на националните медиуми за локалните настани и активности е многу мал. Имајќи го предвид ова, медиумите како алатка за комуникација со жителите отпаѓаат и општината ќе треба да одбере посоодветни алатки за директна и индиректна комуникација со граѓаните.

 Видови директна и индиректна комуникација

Vidovi_direktna_i_indirektna_komunikacija

 

Пример:

Со главната целна јавност најдобро е да се комуницира директно, преку состаноци со советниците и градоначалникот или преку обраќање на седница на Советот.

Претседателот на комисијата или одговорното лице, преку прес-конференции и гостувања во локалните медиуми може подетално да ги информира граѓаните.

Со влијателните јавности може да се комуницира директно преку координативни состаноци, телефонски јавувања, електронска пошта, извештаи и др.

http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/04/25.jpghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/04/25-300x300.jpgadminОдноси со јавноста
Начини и алатки за комуникација Изборот на начините и алатките за комуницирање зависи од природата, интересите и од навиките на целната публика, но, исто така, зависи и од тоа со какви комуникациски канали располага општината и, секако, од висината на финансиските средства за таа намена.Главен критериум во изборот...