Flickr не е целосно бесплатен сервис. Иако огромна порција од опциите ви се достапни и со обична корисничка сметка, доколку платите за неа, добивате одредени привилегии и бонус-опции. Најкорисна опција е можноста за поставување неограничен број фотографии и сетови. Но, исто така, добивате можност за користење на сервисот без здодевните огласи, овозможена ви е статистика на користење која ќе биде јавно видлива, како и поголем квалитет на видеата што ќе ги поставите. Сумата која ќе треба да ја одвоите за платена корисничка сметка изнесува 24.95 долари за една година, односно приближно 2 долари за еден месец, или 47.99 долари за 2 години.

Flickr48

Генерално, ако сервисот би го користеле за професионална намена, при што ќе имате потреба од неограничен простор за поставување фотографии, корисно е да размислите за платена корисничка сметка. Сепак, сервисот е доста богат со опции, дури и кога станува збор за обичните корисници. Затоа, при користење Flickr за лична намена, веројатно платена корисничка сметка нема да ви биде потребна.

Goce ArsovskiЧување и споделување фотографии на интернет (Flickr)
Flickr не е целосно бесплатен сервис. Иако огромна порција од опциите ви се достапни и со обична корисничка сметка, доколку платите за неа, добивате одредени привилегии и бонус-опции. Најкорисна опција е можноста за поставување неограничен број фотографии и сетови. Но, исто така, добивате можност за користење на сервисот без...