Меѓу огромната палета опции на Facebook, настаните се една од покорисните опции, особено на полето на промоција и вирален маркетинг. Со помош на настаните, вие ги информирате сите ваши пријатели за евентуалните случувања, промоции или собири организирани од страна на вашата општина, фирма или компанија што ја застапувате.

Креирање настан на Facebook

Креирањето настан од вашиот личен профил е многу слично со креирањето настан за вашата Facebook страница. Поради тоа, тука ќе биде објаснета само постапката за Facebook страница. Онаму каде што има разлика, таа ќе биде потенцирана.

Пред да започнете со креирање настан, проверете дали го има линкот Events во левиот дел од страницата и доколку го нема, препорачуваме да го додадете. На тој  начин тоа ќе биде повидливо и полесно за користење. За да го додадете, првин изберете ја опцијата Edit Page, а потоа линкот Apps. Од понудените апликации, пронајдете ја апликацијата Events и изберете ја опцијата Edit Settings, која се наоѓа веднаш под објаснувањето на самата апликација. Во новоотворениот прозорец кликнете на опцијата Add.

Facebook_27

Содржината што ќе се генерира во рамките на настанот, автоматски ќе се објавува на страницата со новости. Доколку не сакате да се случи ова, во истиот овој прозорец, но само во јазичето Additional Permissions, отштиклирајте ја опцијата Publish content to my wall. Потврдете ги промените со ОК.

Facebook_28

Откако ќе го направите ова, на страницата со новости, во левиот дел, покрај другите јазичиња, ќе ви се појави и јазичето Еvents. За да креирате конкретен настан, изберете го ова јазиче, а на следната страница, опцијата Create an event. Со тоа ќе ви се отвори нова страница во која треба да ги пополните бараните полиња: when, кога ќе се одржи настанот, What are you planning, објаснување за тоа што ќе правите на настанот, Where, каде ќе се одржи настанот, More info, додавање дополнителни информации и Who is invited опција која ви нуди можност преку избор на копчето Select guests да ги изберете и поканите пријателите, односно „гостите“ на настанот. Доколку сакате листата со гости да се појавува на страницата на настанот, штиклирајте ја опцијата Show the guest list on the Event Page. За да дозволите „гостите“ кои не се администратори на страницата да имаат можност да поставуваат коментари, штиклирајте ја опцијата Nonadmins can write on the Wall. Ако правите настан од личниот профил наместо опцијата Non-admins can write on the Wall, е дадена опцијата Anyone can view and RSVP (public event), која ако ја отштиклирате, го правите настанот приватен. Со тоа настанот ќе биде видлив само за оние пријатели кои ќе ги поканите.

Во  левиот дел на страницата на настанот, со избор на копчето Add event photo, додадете слика за вашиот настан.

Откако ќе ги пополните сите полиња, потврдете го креирањето на настанот со избор на опцијата Create Event.

Facebook_29

На овој начин го креирате настанот, како и посебната страница наменета само за него. На истата, како и со обична страница или личен профил, може да споделувате коментари, линкови, слики и видеа.

Доколку сакате да извршите промени во информациите за настанот, изберете ја опцијата Edit event, која се наоѓа веднаш под името на настанот. Тука, доколку сакате, може и да го откажете настанот со избор на опцијата Cancel this Event.

Facebook_30

Кај личен профил, може да испратите и групна електронска порака до сите оние што потврдиле дека ќе присуствуваат на настанот со избор на опцијата Send guest a message.

Goce ArsovskiFacebook како алатка за промоција
Меѓу огромната палета опции на Facebook, настаните се една од покорисните опции, особено на полето на промоција и вирален маркетинг. Со помош на настаните, вие ги информирате сите ваши пријатели за евентуалните случувања, промоции или собири организирани од страна на вашата општина, фирма или компанија што ја застапувате. Креирање настан...