• подигнување на 75% на стапката на вработеност за жени и мажи на возраст од 20-64, вклучувајќи и поголемо учество на младите, повозрасните работници и ниско квалификиваните кадри како и подобро интегрирање на легалните имигранти;
  • подобрување на условите за истражување и развој, особено за да се подигне нивото на јавни и приватни инвестиции во секторот на 3% од БДП; Комисијата ќе утврди индикатор кој ќе го одрази интензитетот на истражувањето, развојот и иновациите;
  • намалување на емисиите од стакленикот за 20% во споредба со нивоата од 1990; зголемување на учеството на обновлива енерија на 20% во конечната потрошувачка; и приближување кон 20% зголемување на енергетската ефикасност;
  • ЕУ ќе се обиде да донесе одлука со која ќе се придвижи кон 30% намалување до 2020 споредено со 1990 како условна понуда во однос на глобалниот и сеопфатен договор за периодот по 2012, под услов другите развиени држави да прифатат соодветни намалувања на емисии, но и државите во развој да даде адекватен придонес согласно нивните одговорности и способности;
  • подобрување на нивоата на образование, особено преку намалување на стапките на осипување на помалку од 10% и преку зголемување на учеството на возрасната група 30-34 со завршено терцијарно образование или на него еквивалтено на најмалку 40%;
  • промоција на социјална вклученост, особено преку намалување на сиромаштијата, стремејќи се кон избавување на најмалку 20 милиони луѓе од ризикот на сиромаштијата и исклученоста.
http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/04/5.pnghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/04/5-300x300.pngadminЕвропа 2020 и ударните иницијативи
  подигнување на 75% на стапката на вработеност за жени и мажи на возраст од 20-64, вклучувајќи и поголемо учество на младите, повозрасните работници и ниско квалификиваните кадри како и подобро интегрирање на легалните имигранти; подобрување на условите за истражување и развој, особено за да се подигне нивото на јавни и...