За поубав изглед на презентацијата може да ја искористите опцијата Word Art. Оваа опција нуди голем избор на стилови, со што се намалува времето потребно за уредување на презентацијата. Професионален изглед на презентацијата дава додавањето видеозаписи и звуци.

Но, првин да ја објасниме опцијата Word Art. Word Art текстот обично се користи за нагласување на важните зборови или фрази во презентацијата. За да вметнете WordArt текст, од менито Insert изберете Picture, а потоа Word Art. Саканиот стил изберете го од прозорецот кој притоа ќе ви се отвори.

Power_Point_2003_64

Кликнете ОК и внесете го текстот во делот предвиден за тоа. Доколку има потреба, променете го видот на фонтот, големината, здебеленоста и закосеноста на фонтот.

Power_Point_2003_65_fixed

На крај потврдете со ОК. Подоцна, внесениот WordArt може да го смените или уредите, користејќи ги алатките од лентата со алатки за WordArt текст.

Power_Point_2003_alb._68

Во случај кога внесувате текст, а предодредените полиња на слајдот не ви се доволни, вметнете дополнителни полиња за текст користејќи ја опцијата Text Box од менито Insert.

Power_Point_2003_67_fixed

За да вметнете видеозапис во вашата презентација, првин изберете некој од содржинските распореди на слајд, односно Content Layout.

Power_Point_2003_68_fixed

Кликнете на иконата со камера и во новоотворениот прозорец изберете ја опцијата Import.

Power_Point_2003_69

Лоцирајте го саканиот видеозапис во некој од локалните фолдери и изберете Add. Додавањето потврдете го со ОК. Алтернативно, со избирање на Movies and Sounds од менито Insert, а потоа Movie from File, можете да додадете видеозапис во каков било тип на распоред на слајд.

Power_Point_2003_70

Power Point нуди можност да изберете и некој од видеозаписите од организаторот на клипови, односно Clip Organiser. За да го направите ова, наместо Movie from File, изберете Movie from Clip Organiser. Кога ќе го потврдите вметнувањето на видеото, ќе ви се појави скокачки прозорец со прашање: Како сакате да стартува видеозаписот во слајд-шоуто? Доколку сакате автоматски да се пушти, изберете Automatically, во спротивно изберете When Clicked, односно кога ќе се кликне на него.

Power_Point_2003_71

За вметнување аудио во вашата презентација, следете ја истата постапка како и за видео, само на почетокот, наместо Movie from File изберете Sound from file, односно Sound from Clip Organiser.

За да снимите звук или коментар на слајд, од менито Insert изберете Movies and sounds, а потоа Record Sound.

Power_Point_2003_72_fixed

Во новоотворениот прозорец внесете го името на звукот што ќе го креирате и кликнете на копчето Record. По завршување изберете Stop. Потврдете го вметнувањето со ОК. Ако подоцна сакате да го избришете креираниот звук, направете го тоа со едноставно обележување на иконата за звук и притиснете го копчето Delete.

За вметнување графикон во слајд изберете ја опцијата Chart од менито Insert или одберете распоред на слајд во кој има место предвидено за графикон. Додавањето графикон направете го со едноставно кликнување на местото одредено за графиконот. Податоците претставени со графиконот, сменете ги во табелата која ќе се појави со вметнувањето на графиконот.

Power_Point_2003_73_fixed

Графиконот може и да го уредите соодветно преку опциите од прозорецот кој се отвора со двојно кликнување на него.

Power_Point_2003_75

Типот на графиконот, пак, може да го дефинирате преку паѓачката листа Chart Type од стандардната лента со алатки. Кога ќе завршите со сите уредувања, кликнете надвор од графиконот.

Доколку сакате може да вметнете, односно да поврзете објекти (табели, графикони) од други програми во Power Point. Откако ќе се вметне, објектот може да се уредува така што двапати ќе се кликне на него, при што тој ќе се отвори во апликацијата од која потекнува. За да вметнете Microsoft Word текст или табела од менито Insert  изберете ја опцијата Object. Во новоотворениот  прозорец, обележете ја опцијата Create New и од листата изберете Microsoft Word Document.

Power_Point_2003_76

За вметнување табела од Microsoft Excel, од листата изберете Microsoft Excel Worksheet. Доколку имате потреба, можете да вметнете и други видови објекти.

Power_Point_2003_77_fixed

Секако, за сите овие објекти, потребно е апликациите од кои потекнуваат да бидат инсталирани на вашиот компјутер.

Организационите дијаграми можат да ви помогнат во прикажувањето одредени содржини, како на пример односот помеѓу вработените во една општина. За да вметнете организационен дијаграм, првин изберете соодветен Content Layout. Потоа, кликнете на иконата Insert Diagram or Organization Chart и обележете го саканиот начин на прикажување на податоците.

Power_Point_2003_78

Потврдете со ОК. Алтернативно од менито Insert изберете Picture, а потоа Organization chart. Откако ќе го креирате, во соодветните полиња, односно Chart Box, внесете го текстот.

Power_Point_2003_79_fixed

На екранот во меѓувреме ќе ви се прикаже лентата со алатки за организационен дијаграм. Користете ја неа за да додадете нови полиња, да ги уредите, како и да го уредите целиот организационен дијаграм.

Goce ArsovskiИзработување презентации во Power Point 2003
За поубав изглед на презентацијата може да ја искористите опцијата Word Art. Оваа опција нуди голем избор на стилови, со што се намалува времето потребно за уредување на презентацијата. Професионален изглед на презентацијата дава додавањето видеозаписи и звуци. Но, првин да ја објасниме опцијата Word Art. Word Art текстот обично...