На 20.05.2015 година со почеток во 11.00 часот, во ресторан Колоња, во Дебар, се одржа настанот на кој беше промовиран проектот „Заедно за намалување на невработеноста на младите“. Проектот го спроведува „Здружение центар за одржлив развој на заедницата“ заедно со Радика – Де, Озон 3 и ХДЗР Месечина, а во рамки на „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“.

11297366_10153311027872296_642600234_o

Главната цел на промовираниот проект е – зголемување на заинтересираноста на младите за професионална ориентација во согласност со потребите на пазарот на трудот во општина Дебар. Додека главни активности во рамки на истиот ќе бидат:

  • Проценка на сегашнта состојба на невробетени млади во општина Дебар
  • Анкета на 10 големи фирми од бизнис секторот,од различни стопански гранки, за да се увиди какава работна сила им е потребна.
  • Анализа на резултатите
  • Презентациja на резултатите

Меѓу другото, на настанот беше потпишана и декларацијата „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“ која ја поддржаа присутните локални, граѓански организации.

11230061_10153311029222296_316029295_o

 

Агендата по која се одвиваше овој настан е достапна на овој линк.

Овој проект е имплементиран во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно граѓанско учество“ спроведен од Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Македонскиот ентар за европско образование (МЦЕО), со финансиска помош од Европската унија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“.

http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/07/11297366_10153311027872296_642600234_o-1024x576.jpghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/07/11297366_10153311027872296_642600234_o-300x300.jpgAdrijana SelmaniВестиНастаниПромотивни настани
На 20.05.2015 година со почеток во 11.00 часот, во ресторан Колоња, во Дебар, се одржа настанот на кој беше промовиран проектот „Заедно за намалување на невработеноста на младите“. Проектот го спроведува „Здружение центар за одржлив развој на заедницата“ заедно со Радика – Де, Озон 3 и ХДЗР Месечина, а во рамки...