На 14ти и 15ти мај, во Хотел Континентал во Скопје, беше одржна на тема „Социјални медиуми, е-владеење и други ИКТ алатки“ која ја проследија грантистите од проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“. DSC_4815

На првиот ден од обуката претставниците од мрежите, меѓу другото, имаа шанса и да се запознаат со правилата за пишување на веб, основните правила за изработка на соопштение за медиуми, како и да работат во групи на пишување на соопштесние за медиуми. На вториот ден, тие работеа на изработка на комуникациски план, а се запознаа и со многу други веб-алатки за активно граѓанско учество. На вториот ден од обуката, исто така тие работеа на повеќе вежби, како вежбата за размена на идеи – употреба на ИКТ алатки за поголемо е-учество.

DSC_4876

Оваа обука е трета по ред од циклусот превидени обуки кои се одржуваат овојпериод, во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со МЦЕТ, а со финансиска помош од Европската комисија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество”

DSC_4846
.

http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/05/DSC_4815-1024x680-1024x680.jpghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/05/DSC_4815-1024x680-300x300.jpgAdrijana SelmaniВестиНастаниОбуки
На 14ти и 15ти мај, во Хотел Континентал во Скопје, беше одржна на тема „Социјални медиуми, е-владеење и други ИКТ алатки“ која ја проследија грантистите од проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“.  На првиот ден од обуката претставниците од мрежите, меѓу другото, имаа шанса и да се запознаат со...