Веќе ви објаснивме како да креирате сет (албум) со фотографии на Flickr, а сега ќе ви ги претставиме и останатите начини за организирање на фотографиите. Моментално, Flickr овозможува три начини на организирање на фотографиите, и тоа во сетови галерии и колекции.

Сетовите се албуми со фотографии од одреден настан, личност или предмет. Без оглед дали сакате да поставите фотографии од настан во вашата општина, од вашите колеги или од конференцијата на која сте присуствувале, тоа ќе го направите со помош на сетовите.

Вториот начин на организирање на фотографии на Flickr е со помош на галерии. Галериите се збирки со вашите омилени фотографии, кои се поставени на Flickr од други корисници. Со помош на галериите вие ги организирате вашите омилени фотографии и ги чувате на вашиот профил, со што ќе можете да им пристапите во кое било време. Битно е да се нагласи дека во галериите не можете да додавате ваши фотографии, туку само фотографии кои се качени на Flickr од останатите корисници.

За да креирате галерија, треба едноставно да почнете со разгледување на фотографиите на Flickr и кога ќе наидете на некоја што ви се допаѓа, да кликнете на опцијата Actions, која се наоѓа лево над сликата и потоа да одберете Add to Gallery.

Flickr26

Со додавањето на вашата прва слика, вие ќе ја креирате и вашата прва галерија, која ќе треба да ја именувате и да напишете краток опис за неа.

Flickr27

Уште една важна работа во однос на галериите е тоа што додавањето фотографии во галерии е условено од самите автори на фотографиите за кои сте заинтересирани. Ова значи дека, доколку одреден корисник на Flickr целосно ги заштитил своите фотографии, вие нема да можете да ги додавате во вашата галерија.

Третиот начин на групирање на фотографиите е преку групирање на сетовите според некои нивни карактеристики, со што ќе добиете колекција. Значи, колекциите претставуваат збир на албуми кои се меѓусебно поврзани според годината во која се снимени фотографиите или според местата и лицата кои се прикажани на нив.

За да креирате нова колекција, треба да пристапите во менито Organize&Create, потоа да одберете Sets and Collections и конечно Create a new collection. Ќе добиете скокачки прозорец, во кој треба го впишете името и краток опис за вашата колекција.

Одберете Create и потоа само повлечете ги албумите што сакате да ги додадете во вашата колекција. Откако ќе ги повлечете сите албуми, кликнете на Create Mosaic, со што Flickr за вас ќе направи мозаик од слики одбрани по случаен пат. Истиот мозаик ќе биде поставен како икона за вашата колекција. Кликнете на Save за да го зачувате мозаикот.

Важно е да се напомене дека можноста за креирање колекции е достапна единствено на корисниците кои се претплатени на Pro Account.

 

Goce ArsovskiЧување и споделување фотографии на интернет (Flickr)
Веќе ви објаснивме како да креирате сет (албум) со фотографии на Flickr, а сега ќе ви ги претставиме и останатите начини за организирање на фотографиите. Моментално, Flickr овозможува три начини на организирање на фотографиите, и тоа во сетови галерии и колекции. Сетовите се албуми со фотографии од одреден настан, личност...