Пред да уредувате некој слајд, тој треба да биде селектиран (избран). Еден слајд го селектирате со едноставно кликање на него. Доколку имате потреба да селектирате повеќе слајдови, тоа го правите со држење на копчето Ctrl и со кликање на секој од нив.

PowerPoint2007-16_fix

За селектирање соседни слајдови, означете го првиот во низата, држете Shift и означете го последниот, со што ќе се селектираат сите меѓу нив.

Поставеноста на елементите на еден слајд може да се уредува. Основната поставеност се состои од Наслов (Title) и содржина на слајдот (Content), која, пак, може да биде во форма на текст, слика, табела или шема. За да ја изберете (промените) поставеноста на овие елементи, прво треба да го селектирате слајдот/слајдовите што треба да се променат. Потоа, од јазичето Home, треба да изберете Layout, со што ќе добиете различни опции за распоред на елементите на слајдот.

PowerPoint2007-17_fix

Кликнете на потребниот. Иако ова можете да го правите откако ќе ги пополните слајдовите со содржина, подобро е да практикувате изборот да го правите претходно за да добиете подобра претстава за поставеноста.

Кога се менува распоредот на елементите на слајдот, тоа важи само за тој слајд кој е моментално селектиран, но доколку подоцна изберете поинаква тема или направите промени во Slide Master, тоа дополнително ќе влијае врз изгледот на слајдот.

*Повеќе за Slide Master прочитајте во делот Шаблони.

Вметнувањето нов слајд е многу едноставно и може да се направи во кој било момент. Го селектирате слајдот по кој сакате да додадете нов. Потоа, од јазичето Home ја избирате опцијата New Slide (нов слајд) или притискате Ctrl+M од тастатурата. Доколку ја користите опцијата New Slide, на ќошето на ова копче ќе забележите стрелка, која доколку ја стиснете, ќе ви се отвори паѓачко мени, идентично на она за одредување на поставеноста на елементите на слајдот, од каде што веднаш можете да го дефинирате саканиот распоред.

PowerPoint2007-18_fix

За да направите дупликат од некој веќе постоечки слајд во презентацијата, кликнете на него со десното копче од глувчето и изберете ја опцијата Duplicate Slide (дуплирање слајд).

PowerPoint2007-19_fix

За да избришете слајдови, треба да ги селектирате оние што треба да се избришат, па од јазичето Home да ја изберете опцијата Delete (избриши) или тоа можете да го направите и само со притискање на копчето Delete од тастатурата.

PowerPoint2007-20_fix

Доколку во текот на креирањето на презентацијата имате потреба од копирање или од преместување одредени слајдови, без разлика дали тоа е во рамките на истата презентација или од една во друга, тоа може да го направите со избирање на слајдот што треба да го преместите или копирате, а потоа од јазичето Home да ја изберете опцијата Copy (за копирање) или Cut (за преместување).

PPS2007-21-22

Истото можете да го направите и од тастатурата со притискање на Ctrl+C за копирање и Ctrl+X за поместување.

Доколку преместувањето/копирањето е во друга презентација, отворете ја и селектирајте го слајдот по кој сакате да биде вметнат оној што сте го копирале (или го преместувате), а потоа изберете ја опцијата Paste од јазичето Home или притиснете Ctrl+V од тастатурата.

PowerPoint2007-23

Постапката е иста доколку копирате/преместувате во рамките на иста презентација.

Во погледот Slide Sorter, копирањето може да го направите со методот влечи и пушти. Селектирајте го слајдот што треба да го ископирате, држете го копчето Ctrl и влечете до местото каде што треба да се копира. Поместувањето се врши на истиот начин, но без да го држите копчето Ctrl.

Во PowerPoint постои можност оној што ја создава презентацијата, да направи некои слајдови да бидат невидливи во текот на излагањето на презентерот. За да скриете одредени слајдови, првин селектирајте ги, а потоа од јазичето Slide Show изберете ја наредбата Hide Slide (сокривање).

PowerPoint2007-25_fix

Опцијата е достапна и со десен клик на минијатурните верзии од слајдовите поставени од левата страна. Откривање на скриените слајдови се прави по истата постапка.

PowerPoint2007-26_fix

Вашата презентација може да ја испечатите доколку ја изберете опцијата Print, која ќе ја видите откако ќе кликнете на копчето Office.

PowerPoint2007-27

Ќе ви се отвори интерактивниот прозорец Print, од каде што треба да изберете OK.

PowerPoint2007-28

Истото ова може да го направите и со притискање Ctrl+P од тастатурата.

За да се печати со параметри поинакви од веќе поставените, од јазичето Design треба да изберете Page Setup, со што се отвора истоимен интерактивен прозорец.

PowerPoint2007-29_fix

Ширината и должината на слајдовите можете да ги нагодите во Width и Height, додека нумерирањето на слајдовите почнува со бројот што ќе го изберете во Number Slides from. Потоа, во Orientation ја избирате ориентацијата на слајдовите во однос на екранот.

PowerPoint2007-30

За да зачувате некоја презентација на CD, ставете празен CD-R или CD-RW во оптичкиот уред на компјутерот, а потоа преку копчето Office, кликнете на Publish, а потоа на Package for CD.

PowerPoint2007-31

Ќе ви се отвори интерактивен прозорец каде што се впишува името на цедето.

PowerPoint2007-32_fix

Исто така, преку опцијата Add files може да додадете повеќе документи на истиот диск. Откога ќе завршите, кликнете на Copy to CD. Откако документите ќе бидат успешно снимени, на екранот се појавува порака која нуди повторно снимање на истата комбинација на документи на друго CD.

Преку истото мени може да ископирате некоја презентација на други локации, на друг компјутер поврзан во мрежата, на USB мемориски стик или на преносен хард диск. Преку интерактивниот прозорец Package for CD може да ја ставите презентацијата на саканата локација. Пред сè, треба да ја изберете опцијата Copy To Folder, а потоа да го внесете името на новиот фолдер (во Folder Name) и патеката на фолдерот во полето Location (локација). На крајот изберете ОК. Откога ќе завршите, кликнувате на опцијата Close за затворање на прозорецот Package for CD.

PowerPoint2007-33_fix

Ставањето презентација на друг преносен уред преку оваа постапка е многу важно за да бидете сигурни дека сите елементи што сте ги искористиле во презентацијата ќе ги земете со себе на местото каде што треба да презентирате. Во спротивно, ако на пример во презентацијата имате видеа, нив нема да можете да ги пушите доколку не сте ги зеле на вашиот USB стик. Така, со ваквото пакување на сите содржини поврзани со презентацијата на цеде или на друг преносен уред, можете да бидете сигурни дека ништо нема да ви недостасува.

Goce ArsovskiРабота со PowerPoint 2007
Пред да уредувате некој слајд, тој треба да биде селектиран (избран). Еден слајд го селектирате со едноставно кликање на него. Доколку имате потреба да селектирате повеќе слајдови, тоа го правите со држење на копчето Ctrl и со кликање на секој од нив. За селектирање соседни слајдови, означете го првиот во...