При активирање Power Point, презентацијата најчесто ќе ви се отвори во нормален преглед. Оттука, за да додадете нов слајд на неа, употребете ја опцијата New Slide од лентата со алатки за форматирање

Power_Point_2003_11

или од  јазичето Insert изберете New Slide.

Power_Point_2003_12

Без разлика кој од овие чекори ќе го изберете, ќе креирате нов слајд веднаш по тековниот.

Белешки може да  креирате и со прегледот Notes Page, при што на работната површина ќе ви се појави изгледот на слајдот, а под него просторот каде што ќе треба да ги внесете забелешките.

Power_Point_2003_10_fixed_1

Доколку се јави потреба од некој слајд да направите дупликат, првин обележете го слајдот што сакате да го удвоите, а потоа изберете ја опцијата Duplicate Slide од менито Insert.

Power_Point_2003_13_fixed

Преместувањето на слајдови, пак, како што кажавме, најдобро се прави во Slide Sorter прегледот. Првин изберете го овој преглед, а потоа покажувачот на глушецот поставете го на слајдот што сакате да го преместите. Држете го кликнато левото копче од глушецот и влечете го слајдот до новата позиција. За да го поставите, глушецот позиционирајте го пред или по друг слајд во презентацијата. Притоа ќе ви се појави вертикална линија на местото на коешто ќе биде поставен слајдот.

Power_Point_2003_14_fixed

Со отпуштање на копчето од глушецот ќе го постигнете саканиот резултат.

На сличен начин, преместувањето можете да го направите и во нормалниот преглед, но тоа ќе биде малку покомплицирано во случај кога ќе имате повеќе слајдови во презентацијата.

Покрај овие две опции, преместување на слајд можете да  направите и со опцијата Cut-Paste, во двата прегледа. Обележете го слајдот што сакате да го преместите, а потоа изберете Cut од менито Edit или копчето Cut од лентата со алатки или пак притиснете ги копчињата  Ctrl и X во исто време.

Power_Point_2003_15_fixed

 Потоа, селектирајте го слајдот по кој ќе го преместите отсечениот слајд. Изберете  Paste  од менито Edit или кликнете на копчето Paste од лентата со алатки или пак притиснете Ctrl и V на тастатурата.

Power_Point_2003_16_fixed

Доколку сакате да избришете некој слајд , обележете го, а потоа изберете ја опцијата Delete Slide од менито Edit или притиснете го копчето Delete на тастатурата.

Power_Point_2003_17_fixed

Во текот на креирањето на презентацијата, треба често да ја снимате на компјутерот на кој работите, за да не се уништи, односно за да не се изгуби. Направете го тоа со опцијата Save as од менито File. Со користење на лентата со локации, односно Places Bar, презентацијата може да ја снимите во една од стандардните локации или, пак, одберете ја саканата локација преку паѓачкото мени Save in. Името на презентацијата внесете го во просторот за текст означен со File Name. Доколку презентацијата треба да ја снимите во различен формат (пример Single File Web Page, Web Page или Design Template), од паѓачкото мени Save as type одберете го саканиот формат. На крај кликнете на копчето Save.

Power_Point_2003_18_fixed

Откако ќе завршите со креирање на презентацијата, може да ја испратите на преглед по електронска пошта. Power Point овозможува испраќање на презентацијата со автоматско отворање на некоја од инсталираните програми за електронска пошта, како на пример, Microsoft Outlook. За да го направите ова од менито File, изберете ја опцијата Sent To, а потоа Mail Recipient (for review…).

Power_Point_2003_19_fixed

Испратете ја пораката како што би го направиле тоа и со обична електронска порака.

Power_Point_2003_20_fixed

Пред да ја прикажете презентацијата пред публика, ќе треба да ја тестирате, со цел да проверите како изгледа. Од менито Slide Show изберете ја опцијата View Show или притиснете го копчето F5 од тастатурата.

Power_Point_2003_21

Со тоа на екранот ќе ви се покаже првиот слајд со четири икони во долниот лев агол.

9_fixed

За да го видите следниот слајд, притиснете го копчето Page Down или копчето со стрелка надесно или надолу или кликнете на иконата со стрелка надесно во долниот лев агол на слајдот. За да го видите претходниот слајд , изберете една од спротивните команди. Откако ќе завршите со тестирањето, притиснете го копчето Esc.

Печатењето на слајдовите може да го направите на три  начини: со избирање на копчето Print од стандардната лента за алатки,

Power_Point_2003_22

со избирање на опцијата Print од менито File

Power_Point_2003_23_fixed

или, пак, со притискање на типките Ctrl и P од тастатурата. На кој било од овие начини ќе ви се појави истиот Print прозорец. Од паѓачкото мени Print what изберете дали сакате да ги печатите  слајдовите, белешките или работниот материјал. Во делот Print Range специфицирајте кои точно слајдови да ги испечатите, додека во Number of Copies колку копии да испечатите.

Power_Point_2003_24

Goce ArsovskiИзработување презентации во Power Point 2003
При активирање Power Point, презентацијата најчесто ќе ви се отвори во нормален преглед. Оттука, за да додадете нов слајд на неа, употребете ја опцијата New Slide од лентата со алатки за форматирање или од  јазичето Insert изберете New Slide. Без разлика кој од овие чекори ќе го изберете, ќе креирате нов...