ПАМЕТЕН РАСТ

Целите на ЕУ за паметен раст вклучуваат:

  1. Комбинирани јавни и приватни инвестиции кои достигнуваат ниво од 3% од БДП на ЕУ, и подобри услови за истражувања, развој и иновации;
  2. До 2020 година да се постигне стапка на вработеност од 75% кај жените и мажите на возраст од 20 до 64 години, преку работен ангажман на повеќе луѓе, особено меѓу жените, младите, постарите лица, лицата со ограничени вештини, и легалните мигранти;
  3. Подобра стапка на образование, конкретно:
  • намалување на стапката на рано напуштање на образованието под 10%;
  • најмалку 40% од лицата на возраст од 30 до 34 години со завршено високо (терцијарно) образование (или еквивалент на истото);

 

Како ЕУ ќе поттикне паметен раст?

 

Преку 3 ударни иницијативи:

  1. Дигитална агенда за Европа

Создавање на единствен дигитален пазар кој се базира на брз/екстра брз интернет и интероперабилни апликации:

  • до 2013 год.: пристап до широкопојасен интернет за сите;
  • до 2020 год.: пристап до интернет со поголема брзина за сите (30 Mbps или повеќе);
  • до 2020 год.: 50% или повеќе од европските домаќинства да имаат интернет конекција со брзина поголема од 100 Mbps.
  1. Унија на иновации
  • ре-фокусирање на политиките за истражување, развој и иновации кон главните предизвиците во нашето општество, како што се климатските промени, енергијата и енергетската ефикасност, здравјето и демографските промени;
  • зајакнување на сите алки во синџирот на иновации, од истражувањето „сино небо“ до комерцијализација;
  1. Младите во движење
  • помош за студенти и учесници на обуки да посетуваат студии во странство;
  • опремување на младите луѓе за влез на пазарот на трудот;
  • зајакнување на перформансите/меѓународната привлечност на универзитетите во Европа;
  • подобрување на сите нивоа на образование и обука (академска исклучителност, еднакви можности);

 

ОДРЖЛИВ РАСТ

Целите на ЕУ за одржлив раст вклучуваат:

  1. До 2020 година да се намалат емисиите на стакленички гасови за 20% споредено со нивоата од 1990 година. ЕУ е подготвена да оди чекор понатаму и овие нивоа да ги намали за 30% доколку другите развиени земји направат слични заложби и доколку тие придонесат кон постигнување на оваа цел во согласност со нивните можности, како дел од сеопфатен глобален договор;
  2. Зголемување на уделот на обновливи извори на енергија до 20% во потрошувачката на финална енергија;
  3. Активности насочени кон постигнување 20% зголемување на енергетската ефикасност.

Како ЕУ ќе поттикне одржлив раст?

Преку 2 ударни иницијативи:

  1. Европа со ефикасни ресурси

Поддршка за промена кон ниско-карбонска економија со ефикасно искористување на ресурсите. Нашиот економски раст мора да се одвои од користењето на ресурси и енергија преку:

  • намалување на емисиите на CO2;
  • промоција на поголема енергетска сиугурност;
  • намалување на интензитетот со кој ги користиме и ги трошиме ресурсите;
  1. Индустриска политика за ерата на глобализација

На ЕУ и треба индустриска политика која ќе ги поддржи бизнисите, особено малите бизниси, во нивниот одговор на глобализацијата, економската криза и префрлувањето кон ниско-карбонска економија, преку:

  • поддржување на претприемништвото, за европските бизниси да бидат во подобра положба и да бидат поконкурентни;
  • покривање на сите алки од растечкиот меѓународен синџир на вредности – од пристап до суровини, до пост-продажни услуги;

Оваа политика може да се развие само преку тесна соработка со бизнисите, синдикатите, академиците, НВО и организациите на потрошувачи.

 

ИНКЛУЗИВЕН РАСТ

Целите на ЕУ за инклузивен раст вклучуваат:

  1. До 2020 година да се постигне стапка на вработеност од 75% кај жените и мажите на возраст од 20 до 64 години, преку работен ангажман на повеќе луѓе, особено меѓу жените, младите, постарите лица, лицата со ограничени вештини, и легалните мигранти;
  1. Подобра стапка на образование, конкретно: – намалување на стапката на рано напуштање на образованието под 10%; – најмалку 40% од лицата на возраст од 30 до 34 години со завршено високо (терцијарно) образование (или еквивалент на истото)
  2. Намалување на бројот на луѓе изложени на ризик од сиромаштија и социјално исклучување за најмалку 20 милиони луѓе

Како ЕУ ќе поттикне инклузивен раст?

Преку 2 ударни иницијативи:

  1. Агенда за нови вештини и работни места
  • за поединци – помош за луѓето да стекнат нови вештини, да се приспособат на променливите услови на пазарот на трудот и успешно да направат промена на кариера;
  • колективно – модернизирање на пазарите на трудот, за да ја зголемат стапката на вработеност, да ја намалат невработеноста, да ја зголемат продуктивноста на трудот и да гарантираат одржливост на нашите социјалните модели:
  1. Европска платформа за борба против сиромаштијата
  • обезбедување економска, социјална и територијална кохезија;
  • гарантирање почитување на фундаменталните права на луѓето кои се соочуваат со сиромаштија и социјално исклучување, и овозможување достоинствен живот за нив и активно учество во општеството;
  • мобилизирање поддршка за да им се помогне на луѓето да се интегрираат во заедниците каде живеат, да добијат обука и помош за да најдат работа и да имаат пристап до социјални бенефиции;

Регионалниот развој и инвестициите, исто така, поддржуваат инклузивен раст, преку помош за намалување на диспаритетите меѓу регионите и преку гаранции дека придобивките од растот ќе бидат почувствувани во сите делови на ЕУ.

adminЕвропа 2020 и ударните иницијативи
ПАМЕТЕН РАСТ Целите на ЕУ за паметен раст вклучуваат: Комбинирани јавни и приватни инвестиции кои достигнуваат ниво од 3% од БДП на ЕУ, и подобри услови за истражувања, развој и иновации; До 2020 година да се постигне стапка на вработеност од 75% кај жените и мажите на возраст од 20 до 64...