Планирање на односите со јавноста
Односите со јавноста се долготраен процес, кој се одвива секојдневно, но кој никако не смее да се сведе на активности „од денес за денес“ или „од денес за утре“. Со други зборови, односите со јавноста темелно, детално и долгорочно се планираат, а не се импровизираат!Креирањето комуникациски план е единствениот начин да ги опфатиме сите елементи на комуникациите, да ги ангажираме вистинските луѓе, да ги запазиме роковите, да имаме целосен преглед врз активностите и да ги избегнеме непотребните трошоци.За да може да ги оствариме целите, процесот мора да биде осмислен и планиран. Истовремено, во себе мора да ги содржи сите потребни елементи на комуницирањето и да даде одговор на неколку мошне едноставни прашања: Зошто комуницираме? Со кого ќе комуницираме? Како ќе комуницираме? Кога ќе комуницираме? Како ќе знаеме дека сме ја оствариле целта?

Процесот на планирање може да биде многу едноставен, доколку проблемот го поделиме на помали, совладливи делови. Како и во реализацијата на сите проекти и планови, и комуникацискиот план треба да биде составен од четирите основни фази: истражување и анализа на состојбите, планирање, реализација и евалуација/мерење на резултатите.

ИСТРАЖУВАЊЕ

Пред започнувањето на секоја комуникациска кампања, без разлика дали само ги информирате граѓаните за активностите на Комисијата за односи меѓу заедниците или сакате да ги поттикнете да се вклучат во јавните расправи за определени општински политики или, пак, ги информирате за иницијативи и мислења поднесени до советот на општината, мора да дознаете што е можно повеќе за опкружувањето, но и за состојбите внатре во општината.

Овие неколку прашања може да ви дадат идеја за тоа што треба да анализирате:

¨       Каква е моменталната слика на граѓаните за Комисијата за односи меѓу заедниците?

¨       Колкава е популарноста на Комисијата?

¨       Што мисли јавноста за односите меѓу Комисијата и општинскиот совет?

¨       На какви влијанија се подложни целните јавности?

¨       Кои се навиките на граѓаните?

¨       Дали темата за која комуницираме е приоритет за општината и за граѓаните?

¨       Со какви комуникациски средства располагаме?

¨       Дали протекот на информации меѓу Комисијата и советот на општината се одвива непречено?

¨       Дали имаме доволно човечки ресурси и финансиски средства?

¨       Каква е соработката со медиумската сцена во општината?

Анализата на состојбите може да ја направите на различни начини, во зависност од времето и средствата со кои располагате: фокус-групи, анкети на граѓаните, состаноци со здруженија на граѓани или локалната бизнис-заедница, состаноци и неформални разговори со колегите, анкетни листови за локалната администрација, согледувања и податоци од јавните претпријатија, SWOT-анализа, ПЕСТ-анализа, анализа на претходните искуства и др.

PEST

 SWOT

ПЛАНИРАЊЕ

Во оваа фаза прецизно се дефинираат и се одбираат сите елементи на комуникацијата:

¨       Зошто комуницираме и што сакаме да постигнеме? »» Кои се нашите комуникациски цели?

¨       Со кого ќе комуницираме? »» Кои се нашите целни јавности?

¨       Што сакаме да кажеме? »» Кои се пораките што сакаме да ги пренесеме?

¨       Како ќе го кажеме тоа? »» Кои методи и алатки ќе ги употребиме за да стигне пораката до јавностите?

¨       Кога ќе комуницираме? »» Со каква динамика и во која временска рамка ќе им се обраќаме на јавностите?

¨       Како ќе дознаеме дали одлуките се правилни? »» Како ќе ја оцениме својата работа?

¨       Со колкави финансиски средства располагаме? »» Буџет.

РЕАЛИЗАЦИЈА

Фазата на реализација го опфаќа спроведувањето на комуникацискиот план и систематското следење на исполнување на чекорите и резултатите. Пример:

 Realizacija

ОЦЕНУВАЊЕ

Постоењето комуникациски план ќе ви овозможи да ја следите и да ја контролирате комуникацијата и во текот на реализацијата на планот, а не само на крај кога ќе завршат сите планирани активности. На ваков начин, во секое време може да знаете како реагира целната јавност на пораката што сте ја испратиле, колкав е интересот на медиумите за проблемот, дали се следат термините и роковите за комуникација, дали има потреба од промени во планот и дали има промени на ситуацијата на кои треба брзо да одговорите.

Кога го анализирате сработеното, треба непристрасно да ги оцените одбраната форма и начин на комуникација, успешноста на реализацијата на процесот, постигнатите резултати и влијанието врз целните јавности.

Резултатите може да се мерат на три различни нивоа. Првото ниво ќе ви покаже дали навремено и соодветно сте реагирале и сте комуницирале со различните јавности. Анализата на второто ниво ќе ви покаже дали сте одбрале соодветен начин на комуникација, дали ве разбрала целната публика и каква е реакцијата, додека третото ниво треба да ви покаже како и до колкаво ниво сте влијаеле врз околината.

МЕРЕЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Merenje_na_rezultatite

http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/04/osnovi-na-procesot-na-planiranje-na-kom.pnghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/04/osnovi-na-procesot-na-planiranje-na-kom-300x300.pngadminОдноси со јавноста
Планирање на односите со јавноста Односите со јавноста се долготраен процес, кој се одвива секојдневно, но кој никако не смее да се сведе на активности „од денес за денес“ или „од денес за утре“. Со други зборови, односите со јавноста темелно, детално и долгорочно се планираат, а не...