Постојат неколку начини за поставување мултимедијални фајлови на Flickr, но овде ќе се задржиме на класичниот начин, кој подразбира директно пристапување до опциите преку веб.

Кога сте најавени на сервисот со вашите податоци, можете да пристапите кон менитo You, од каде што треба да изберете Upload Photos and Videos за да почнете со качување на фајловите. Потоа кликнете на Choose photos and videos.

Flickr12

Flickr13

Направете го изборот со означување на саканите фотографии.

Flickr14

Отстранете некоја што сте ја означиле по грешка и се нашла во листата на чекање со клик на соодветното иконче во вид на корпа или додајте некоја што сте ја испуштиле преку линкот Add more.

Кликнете на Upload Photos and Videos и почекајте да заврши процесот. Ако сакате вашите фотографии да бидат јавно достапни за гледање и преземање, означете ги како јавни (Public). Во спротивно, можете да означите фотографиите да бидат видливи за членовите од вашето семејство или за пријателите, но тоа подразбира дека треба да имате креирано такви групи.

Многу е корисно што на врвот на страницата се гледа колку од вашиот месечен капацитет имате искористено, како и големината на фајловите пред да ги поставите, што овозможува да интервенирате со заменување или со отстранување на оние големите.

Послушајте го советот за додавање опис на тукушто поставените фотографии, што ќе овозможи подобра категоризација, полесно пронаоѓање преку пребарување и слично.

Flickr15

Од левата страна, треба да внесете тагови или клучни зборови што ги опишуваат сите фотографии. Нив можете да ги напишете на англиски и на македонски, на латиница и на кирилица, бидејќи различни корисници имаат различни навики за начинот на пребарување. Ова треба да го правите доколку поставувате фотографии, кои се меѓусебно поврзани и со едно внесување на овие параметри, всушност, завршувате работа за сите слики одеднаш.

Flickr17

Од десната страна, со избор на опцијата Create a new set? Добивате можност сите фотографии што ги поставивте да ги сместите во еден албум, кој соодветно ќе го именувате и, по желба,  ќе го опишете.

Дополнително, доколку имате потреба посебно да ги опишете и самите фотографии, користете ги соодветните полиња под секоја слика, а доколку решивте да ги организирате сликите во еден нов албум, кликнете на Create set откога ќе го изберете саканото име и откога ќе зададете соодветен заеднички опис.

Под секоја слика најпрво е полето за дополнително именување на секоја фотографија, нејзино опишување и определување со клучни зборови. Не заборавајте на крајот, најдолу да притиснете Save.

Goce ArsovskiЧување и споделување фотографии на интернет (Flickr)
Постојат неколку начини за поставување мултимедијални фајлови на Flickr, но овде ќе се задржиме на класичниот начин, кој подразбира директно пристапување до опциите преку веб. Кога сте најавени на сервисот со вашите податоци, можете да пристапите кон менитo You, од каде што треба да изберете Upload Photos and Videos за...