Постојат неколку начини да се поврзете со други луѓе на Slideshare. Најлесно е да пристапите до нив преку главната страница на вашиот кориснички профил. Кликнете на вашето корисничко име за да го отворите профилот, а потоа во долниот лев дел на страницата ќе забележите опција за канење на вашите пријатели, како и за создавање група и настан.

Slideshare22mk

Со опцијата Invite friends можете да ги пронајдете вашите пријатели на Slideshare. Во полињата од левата страна внесете податоци за вашата имејл-адреса и соодветната лозинка и Slideshare автоматски ќе ги пренесе вашите контакти.

Slideshare23mk_fix

Исто така, можете рачно да ги внесете имејл-адресите на вашите пријатели со кои би сакале да се поврзете на овој сервис и да им испратите порака од десниот дел на страницата.

Slideshare24mk_fix

Друг начин на којшто може да додавате корисници за пријатели е со директно одбирање на опцијата Follow, која се наоѓа веднаш до профил-сликата на корисникот.

Slideshare25mk

Групите (Groups) се еден вид складишта за презентации кои се однесуваат на конкретна тема. Тие може да бидат од отворен и од затворен тип. Регистрираните корисници можат да се приклучат во група од отворен тип, додека членството во група од затворен тип оди по пат на покана. Групите од затворен тип уште се наречени и приватни групи (Private groups). Групите може да ги креирате со кликање на Create Group и пополнување на празните полиња за име, категорија, опис, лого, тип, начин на зачленување во групата и одредување на корисниците кои можат да постираат содржини. На крајот кликнете на Save changes.

Slideshare26mk_fix

Последниот начин за поврзување на Slideshare е по пат на настани (Events). Тие се многу слични со групите според начинот на креирање и според начинот на зачленување во нив. Разликата е во тоа што настаните поддржуваат одредување локација, време и место. Освен тоа, настаните се прецизирани, а групите се општи и не се временски ограничени. Креирањето настан е исто како она за групите, со тоа што овојпат треба да одберете Create event за да ја почнете постапката и во деталите за настанот да додадете информации за местото на неговото одржување и времетраењето и евентуално тагот што ќе го користите на социјалните мрежи.

Slideshare27mk

Goce ArsovskiСподелување презентации на интернет
Постојат неколку начини да се поврзете со други луѓе на Slideshare. Најлесно е да пристапите до нив преку главната страница на вашиот кориснички профил. Кликнете на вашето корисничко име за да го отворите профилот, а потоа во долниот лев дел на страницата ќе забележите опција за канење на вашите...