Откако ќе ја креирате и уредите вашата презентација, мора да размислите и на самото презентирање. Power Point нуди многу алатки кои можат да му помогнат на презентерот во текот на презентирањето.

За да го стартувате слајд-шоуто и да се движите меѓу слајдовите, користете ги истите опции како и при тестирање на презентацијата кои беа објаснети претходно.

Доколку во текот на презентирањето имате потреба да го привлечете вниманието на публиката, а презентацијата треба да биде скриена, направете го тоа со црн или бел екран, односно Black Screen, White Screen, соодветно. Опциите ќе ги најдете во лентата со менија која се отвора со десен клик на слајдот, во Slide Show преглед. Од оваа лента изберете ја опцијата Screen.

Power_Point_2003_93_fixed

Уште поедноставно, за време на презентирањето изберете B за црн екран и W за бел.

Во текот на презентирањето може да внесувате и белешки на слајдовите. Од истата опција Screen, изберете Speaker Notes. Со тоа ќе ви се отвори дијалог-прозорецот Speaker Notes, во кој може да ја внесете забелешката за слајдот.

Power_Point_2003_94

При презентирањето, доколку сакате да потенцирате или да заокружите одредени делови, направете го тоа со промена на покажувачот на глушецот. Тој може да се промени во пенкало, односно Ballpoint pen, фломастер, односно Felt Tip Pen и обележувач, односно Highlighter. Промената направете ја со клик на копчето Pen во лентата со мени во Slide Show преглед.

Power_Point_2003_95_fixed

За дополнителни уредувања на слајд-шоуто користете го дијалог-прозорецот Set up Show до кој ќе дојдете преку менито Slide Show.

Power_Point_2003_96

Тука, на пример, може да дефинирате кои слајдови да ги прикажете, како да биде менувањето на слајдовите, да го уредите презентирањето при користење на повеќе монитори и слично.

Goce ArsovskiИзработување презентации во Power Point 2003
Откако ќе ја креирате и уредите вашата презентација, мора да размислите и на самото презентирање. Power Point нуди многу алатки кои можат да му помогнат на презентерот во текот на презентирањето. За да го стартувате слајд-шоуто и да се движите меѓу слајдовите, користете ги истите опции како и при тестирање...