За презентацијата може да се применат различни дизајни однапред дефинирани. Под дизајн се подразбира комбинација на бои, заднини, фонтови и стил на букви, кои го одредуваат визуелниот изглед на слајдовите.

За да го промените дизајнот на вашите слајдови од менито Format изберете ја опцијата Slide Design.

Power_Point_2003_25

Со тоа ќе ви се отвори интерактивниот прозорец Slide Design. Опцијата Design Templates од овој прозорец овозможува преглед на однапред дефинираните дизајни.

Power_Point_2003_26

Со избор на соодветниот дизајн, со едноставно кликнување на него, го применувате на сите слајдови. Пожелно е да го одберете пред да започнете со пишување на презентацијата, бидејќи доколку го направите тоа подоцна, сите форматирања на напишаниот текст (како на пример здебелување букви) ќе бидат изгубени.

Но, доколку е потребно, дизајнот може да се промени и на само еден или неколку слајдови од презентацијата. За ова, првин обележете ги слајдовите чии заднини ќе ги менувате. Потоа, како и претходно, изберете ја опцијата Slide Design од менито Format. Кога покажувачот на глушецот ќе го поставите на саканиот дизајн, на него ќе се појави паѓачка стрелка, односно drop down arrow. Кликнете на стрелката и од понудените опции изберете Apply to selected slides, со што дизајнот ќе се примени само на слајдовите што ги обележавте.

Power_Point_2003_27_fixed

Секој дизајн нуди одредена комбинација на бои, букви и заднина. За да ја промените комбинацијата на бои во целата презентација или само на одредени слајдови, од прозорецот Slide Design изберете ја опцијата Color Schemes.

Power_Point_2003_28

Доколку го затворивте прозорецот Slide Design, за да дојдете до опцијата Color Schemes направете го следново: од менито View изберете ја опцијата Task Pane, со што ќе ви се отвори прозорецот за задачи.

Power_Point_2003_29

Во горниот дел на прозорецот се наоѓа паѓачка стрелка. Кликнете на неа и од новоотвореното мени изберете ја опцијата Slide Design- Color Schemes.

Power_Point_2003_30

Со тоа ќе ви се отворат можните комбинации на бои за одбраниот дизајн. За да ја промените комбинацијата на бои на целата презентација, само изберете ја соодветната шема со покажувачот. За одбраната шема на бои да ја примените само на селектираните слајдови поставете го глушецот на паѓачката стрелка од саканата комбинација и од менито изберете Apply to selected slides.

Power_Point_2003_31

Доколку, пак, заднината на слајдот не одговара на комбинацијата на бои што  ја избравте, можете да извршите промена само на неа. За да го направите тоа, изберете ја опцијата Background од менито Format, при што ќе ви се појави истоимениот интерактивен прозорец Background. Истиов прозорец можете да го отворите и со десен клик со глушецот на самиот слајд и избор на опцијата Background.

Power_Point_2003_32

Во долниот дел од прозорецот се наоѓа паѓачка стрелка, на која ако кликнете ќе ви се отвори мени со комбинација на бои.

Power_Point_2003_33

За да ја промените бојата на заднината на сите слајдови, изберете го копчето Apply to All. За промена на бојата на заднината на обележаните слајдови кликнете на копчето Apply. За дополнителни можности во врска со заднината, изберете ја опцијата Fill effects. Со тоа ќе ви се отвори дијалог прозорец Fill effects, во кој преку соодветните јазичиња може да ја смените текстурата, шарата или можете да ставите слика по ваш избор како заднина на слајдовите. За да го направите последново, од јазичето Picture изберете ја опцијата Select Picture.

Power_Point_2003_34

Од локалните фолдери пронајдете ја посакуваната слика и изберете Insert.

Power_Point_2003_35

Потоа, потврдете го ова со избор на Ok односно Apply, подоцна.

Доколку сакате да ги отстраните сите графики од заднината, изберете ја опцијата Omit background graphics from master.

Power_Point_2003_36

 

Goce ArsovskiИзработување презентации во Power Point 2003
За презентацијата може да се применат различни дизајни однапред дефинирани. Под дизајн се подразбира комбинација на бои, заднини, фонтови и стил на букви, кои го одредуваат визуелниот изглед на слајдовите. За да го промените дизајнот на вашите слајдови од менито Format изберете ја опцијата Slide Design. Со тоа ќе ви се...