Здружението „НОВУС “ во рамки на „Мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество“, започна со имплементација на проектот „Општина Струмица – отчетна, партиципативна и транспарентна општина по мерка на граѓаните”. Настанот со на кој беше промовиран проектот, а воедно и обележано неговото започнување, се одржа на 13.05.2015 во Хотел Сириус, Струмица.

11086635_10153296011809581_330705926_o

„Целта на овој проект е да се дојде до релевантни и сеопфатни податоци за тоа колку граѓаните и граѓанскиот сектор се задоволни од услугите што ги нуди единицата на локалната самоуправа, како и да се детектираат евентуалните слабости во работењето на општината во насока на транспарентно, отчетно и ефикасно работење. Во склоп на проектот ќе бидат реализирани интервјуа со раководители на сектори во општина Струмица, ќе бидат организирани 2 панел дискусии и ќе биде спроведена јавна анкета меѓу граѓаните на прашања поврзани со отчетност, транспарентност и партиципативност на општина Струмица и истите ќе бидат вметнати во финалниот продукт – студијата која што ќе ја промовираме кон крајот на месец јуни“ – рече Ѓорги Милушев од здружението „НОВУС“.

Здружението на средбата со НВО организациите од Струмица ја потпишаа Декларација за формирање на мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество.

11268350_10153296011839581_1057816815_o

Мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество прeтставува платформа за соработка на граѓански организации, неформални инцијативи и поединци кои работат на полето на доброто владеење. Таа се стреми кон унапредување на доброто владеење како еден основните предуслови за демократизација на општеството и напредок во евро-атланските интеграции на РМ. Мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество се залага за своите идеи преку развивање на заеднички ставови и нивно промовирање пред националните и локални институции преку изготвување на документи и извештаи, спроведување на кампањи, медиумски промоции, учество на конференции и семинари, како и редовни средби со претставници на институциите и другите релевантни актери.

http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/07/11086635_10153296011809581_330705926_o-1024x683.jpghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/07/11086635_10153296011809581_330705926_o-300x300.jpgAdrijana SelmaniВестиНастаниПромотивни настани
Здружението „НОВУС “ во рамки на „Мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество“, започна со имплементација на проектот „Општина Струмица – отчетна, партиципативна и транспарентна општина по мерка на граѓаните'. Настанот со на кој беше промовиран проектот, а воедно и обележано неговото започнување, се одржа на 13.05.2015 во...