Slideshare е најпознат веб-сајт за споделување презентации. Функционира слично како останатите сервиси за споделување мултимедијални содржини, што значи дека овозможува поставување презентации и други типови фајлови, нивно прегледување од страна на посетителите, преземање и вградување други веб-локации. Иако, пред сè, е наменет за споделување презентации изработени во некоја од програмите за таа цел, тој поддржува и објавување на Microsoft Word, Microsoft Excel, Open Office, PDF и текст-документи, како и видеа. Еден фајл може да биде голем максимум 100 МB.

Пристапете му на сајтот преку веб-локацијата: www.slideshare.net. За да ги користите многуте опции што ги нуди Slideshare, ќе треба да станете регистриран корисник. За да се регистрирате на сервисот, најпрво одберете ја опцијата Signup во горниот, десен агол и потоа пополнете ја формата. Кликнете на SIGN UP и со тоа имате бесплатна корисничка сметка на Slideshare.

Slideshare1mk

Slideshare2mk_fix

Алтернативно, доколку сте регистриран корисник на Facebook, можете да се најавите со податоци од вашиот профил и да ја скокнете постапката за регистрација на Slideshare.

Откако ќе завршите со постапката за регистрација, кликнете на паѓачкото мени, кое се спушта од стрелката до вашето корисничко име и кое ќе се појави во горниот, десен дел. Од менито изберете Personal Information, по што ќе бидете пренасочени кон вашиот тукушто креиран профил.

                                                                                                                                                            Slideshare3mk_fix

Mоже да почнете со средување на вашиот профил. Покрај името и презимето, или во случајов, вашата општина или комисија, сервисот ви овозможува да го изберете типот на корисничката сметка, односно да одредите дали се работи за компанија, универзитет, невладина или владина организација и слично. Откога ќе ги пополните претходните полиња, можете да додадете некои лични детали, како полот, професијата, работното место, гео-локацијата, како и профил-фотографијa. Останува на вас да одлучите колку детали ќе поставите на вашиот профил. Откако ќе ги внесете сите податоци што сакате да ги споделите, одберете Save и вашата профил-страница ќе биде обновена.

Slideshare_4mk_fix

Вашата сметка може да ја уредувате со избирање на опцијата Manage Account од менито од левата страна, под опцијата Personal Information.

Slideshare5mk

Oстанатите опции од ова мени овозможуваат уредување на поставените содржини, поставување свои опции за приватност, замена на поставената фотографија со друга и автоматско споделување на содржините на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.

Goce ArsovskiСподелување презентации на интернет
Slideshare е најпознат веб-сајт за споделување презентации. Функционира слично како останатите сервиси за споделување мултимедијални содржини, што значи дека овозможува поставување презентации и други типови фајлови, нивно прегледување од страна на посетителите, преземање и вградување други веб-локации. Иако, пред сè, е наменет за споделување презентации изработени во некоја од...