Фликр е најпознат сервис за менаџмент и споделување слики и фотографии. Регистрираните корисници можат да поставуваат слики, да ги организираат во албуми, да ги обработуваат и слично, додека ненајавените посетители можат да пребаруваат низ големата архива и да ги употребуваат избраните дела за свои потреби според условите на нивните креатори.

Flickr1

Пристапете на веб-сајтот преку адресата www.flickr.com. Фликр изгледа многу едноставно на прв поглед, но всушност има голем број опции, од кои некои е важно да се знаат и применуваат. За да го користите сервисот и да поставувате ваши слики или слики поврзани со работата на општината, најпрво треба да се најавите. Доколку имате имејл-адреса на сервисот Yahoo, пријавете се со тие податоци, а доколку немате, ќе треба да ја поминете постапката за добивање на т.н. Yahoo ID. Исто така, можете да го користите сервисот доколку со него ја асоцирате вашата корисничка сметка на Google или онаа на Facebook.

Flickr2

Постапка за добивање Yahoo ID: Кликнете на копчето Create Your Account, а на новоотворената страница изберете Create New Account во долниот десен дел од рамката. Пополнете ги податоците што се бараат. Постапката е слична како при отворање нова имејл-адреса.

Flickr3

Откако ќе завршите со оваа постапка, веднаш ќе добиете можност да изберете ново име под кое вашиот профил ќе биде видлив на Flickr и завршете ја постапката со притискање на копчето Create my account.

Со ова имате бесплатна сFlickr4метка за користење на Фликр, која ќе ви овозможи да поставувате две видеа и фотографии кои ќе зафаќаат вкупно 100 MB месечно во секој календарски месец. Ова е сосема доволно за вообичаена примена на сервисот, но доколку имате потреба од поставување повеќе фотографии, за кои не ви е особено важна големината, можете да сликате со помала резолуција или отпосле да ги намалувате фотографиите во некоја програма за обработка. Така ќе имате повеќе простор за поголем број фотографии.

Flickr нуди навистина многу богати опции, но ќе се задржиме на основните со чие совладување ќе можете сами да поставувате мултимедијални фајлови, да ги обработувате, организирате и споделувате.

Flickr6Ќе започнеме според препораките за почнување со користење на сервисот кои ќеги видите штом првпат ќе му пристапите на профилот.

Најпрво можете да го персонализирате вашиот профил. Кликнете на соодветната опција и на новопојавениот прозорец изберете Let’s do it за да започнете со постапката. На првиот чекор можете да си назначите сликичка која сакате да ве претставува вас, вашата општина или комисијата за односи помеѓу заедниците на сервисот. Изберете или направете слика со еднакви пропорции за да не ја изобличите при поставувањето.

Flickr7

Доколку не сакате, овој чекор можете да го прескокнете (Skip this step), а во спротивно, доколку поставите сликичка и кликнете на Upload, ќе продолжите понатаму.

Следно е дефинирање на делот од сликата што сакате да се гледа. Со влечење по краевите и поместување на означениот квадрат опфатете го делот што сакате да се гледа и кликнете на Make the Icon кога ќе завршите со прилагодувањето.

Flickr9

На следниот чекор имате можност да изберете лично URL, односно адреса која ќе води директно до вашата колекција со фотографии, т.н. photostream. На овој чекор треба да бидете внимателни бидејќи зададената адреса подоцна не може да биде променета. Гледајте да не биде многу долга, препознатлива, лесна за помнење и на некој начин да ве отсликува вас или вашата општина, комисија или организација што ја претставувате. Бидејќи нашиот профил е во состав на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, адресата ќе ја креираме со додавање на формулацијата „komisija-општина на комисијата“, на пример, „komisija-debar“.

На Preview видете како ќе изгледа целосната адреса и кликнете на синото копче доколку сакате да го завршите овој дел од постапката или пак на линкот под него за да направите промена.

Flickr10

Последниот чекор ќе ви овозможи да се идентификувате со име и презиме, да ја посочите временската зона во која се наоѓате, полот и брачната состојба, како и да се опишете. Со отворање профил за целите на комисијата, некои од овие податоци можете да ги прескокнете, со оглед на тоа дека нивното пополнување не е задолжително. Со клик на Next веќе можете да започнете со исполнување на вашиот дигитален албум.

Flickr11

Goce ArsovskiЧување и споделување фотографии на интернет (Flickr)
Фликр е најпознат сервис за менаџмент и споделување слики и фотографии. Регистрираните корисници можат да поставуваат слики, да ги организираат во албуми, да ги обработуваат и слично, додека ненајавените посетители можат да пребаруваат низ големата архива и да ги употребуваат избраните дела за свои потреби според условите на нивните...