Корисно својство на Power Point е можноста да се стандардизира изгледот на низа слајдови. За таа цел се користат Master шаблони. Постојат четири вида шаблони: шаблон на слајд, шаблон на насловен слајд, на работен материјал и шаблон на забелешки.

 

Шаблонот на слајд ги контролира својствата на сите слајдови од презентацијата: боја на заднина, боја, големина, фонт на текст и слично. Тој содржи место за наслов, место за параграф, место за датум и време, број на слајд и место за подножјето на слајдот. За да го отворите шаблонот на слајд од менито View изберете Master, а потоа Slide Master. Внесете ги соодветните информации во полињата и уредете го шаблонот соодветно.

Power Point

Користејќи ги алатките од лентата со алатки Slide Master View, може да додадете нов шаблон за слајд, нов шаблон за насловен слајд, да избришете шаблон, да го заштитите или да го промените неговото име. На копчето Close Master View го затворате шаблонот.

Power_Point_2003_81

Во Power Point може да вметнете датум и време на слајдовите. Датумот и времето можат да се внесат во два формати: како поле или како текст. Доколку се внесат како поле, датумот се менува со секое отворање на презентацијата, додека, пак, ако се внесе како текст, датумот останува непроменет. За да внесете датум и време, обележете  еден слајд од презентацијата. Потоа, од менито Insert изберете Date and Time. Во дијалог прозорецот Header and Footer, во лентата Slide, во делот Include on slide обележете ја опцијата Date and Time. Одлучете дали датумот и времето ќе се внесат како поле или како текст.

Power_Point_2003_82

Ако одберете како поле, односно Update automatically, одберете го форматот на датумот од паѓачката листа. Ако, пак, одберете како текст, односно Fixed, со помош на тастатурата внесете го датумот/времето. Кликнете на копчето Apply за внесување на датумот/времето во обележаниот слајд или Apply to All за внесување во сите слајдови.

За  да ги нумерирате слајдовите, во истиот овој дијалог-прозорец обележете ја опцијата Slide Number и потврдете со Apply to All. За нумерирање слајдови што започнуваат со друг број, различен од  1, од менито File изберете Page setup. Во дијалог-прозорецот Page Setup во делот Number slides from внесете го саканиот број и потврдете со ОК.

Power_Point_2003_83

Заглавието и подножјето обично се појавуваат на секој слајд и се составени од насловот на презентацијата, бројот на слајдот, датум и име на презентерот. За додавање заглавие и подножје од менито View изберете Header and Footer. Изберете дали да ги внесете на слајдот или на забелешките и работниот материјал. Потоа, обележете што сè ќе вклучува заглавието, односно подножјето. Потврдете со Apply, односно Apply to All за внесување во сите слајдови.

Power_Point_2003_84

Goce ArsovskiИзработување презентации во Power Point 2003
Корисно својство на Power Point е можноста да се стандардизира изгледот на низа слајдови. За таа цел се користат Master шаблони. Постојат четири вида шаблони: шаблон на слајд, шаблон на насловен слајд, на работен материјал и шаблон на забелешки.   Шаблонот на слајд ги контролира својствата на сите слајдови од презентацијата:...