Статусите се корисни опции за објавување кратки написи кои сакате да ги споделите со сите ваши пријатели. Тие се јавно видливи на вашиот профил и на почетните страници на вашите пријатели, а доколку сакате може и да тагирате одредени пријатели во нив. На овој начин, директно ги насочувате објавите до конкретни пријатели.

Користењето на статус-опцијата е многу едноставно. Првин изберете ја од опциите Share, кои се појавуваат во горниот дел на страницата со новости и напишете го вашиот текст. На овој начин може да ги споделите со пријателите ваши мисли, новости или накусо да го објасните тоа што го промовирате. Како што нагласивме и погоре, статусите се јавно видливи, но во нив, исто така, можете и директно да тагирате одредени пријатели, преку користење на знакот @ пред името на вашиот пријател (пример @Општина Дебар).

Facebook_31

За да споделите линк со пријателите, изберете ја опцијата Link и во празното поле внесете го точниот линк до информацијата што сакате да ја споделите. Откако Facebook ќе ги повлече потребните информации, направете измени, доколку е потребно, во  насловот или во телото на информацијата со едноставно кликнување на истите. Со избор на опцијата Share, споделете го линкот со пријателите.

Facebook_32_fixed

За споделување фотографии, изберете ја опцијата Photos. Притоа ќе ви се појават три опции: да прикачите фотографија која се наоѓа на вашиот работен компјутер, да ја направите фотографијата во моментот доколку имате веб-камера на компјутерот или да направите албум со повеќе фотографии.

Facebook_33

Со избор на првата опција, која вообичаено најчесто се користи, ќе ви се појави копчето Browse, преку кое ќе ја најдете посакуваната фотографија. Откако ќе го направите изборот, споделете ја фотографијата преку опцијата Share.

Постапката за споделување видео е иста со онаа на фотографиите, само што, во овој случај, имате само две опции: да снимите видео со веб-камера или да го прикачите од вашиот компјутер.

Goce ArsovskiFacebook како алатка за промоција
Статусите се корисни опции за објавување кратки написи кои сакате да ги споделите со сите ваши пријатели. Тие се јавно видливи на вашиот профил и на почетните страници на вашите пријатели, а доколку сакате може и да тагирате одредени пријатели во нив. На овој начин, директно ги насочувате објавите...