Разлика меѓу страница и група на Facebook

За полесно разбирање на начинот на кој се користат страниците на Facebook, важно е тие да се разграничат од групите. Страниците најчесто се користат за промоција на организација, компанија, производ или некоја јавна личности и можете да ги креирате само ако сте нивен официјален претставник. На тој начин ви се овозможува на едно место да ги соберете сите ваши фанови и да им ги испраќате сите ваши новости. Исто така, користејќи различни апликации, можете да привлечете и дополнителна публика.
Групите, пак, можат да бидат креирани од секој и на секоја тема и служат како место на кое луѓето со слични интереси може да стапат во контакт и да си разменат мислења или различни содржини. Значи, обично се наменети за помала група луѓе кои се знаат лично. Кога бројот на членови ќе стане поголем од 250, одредени функции стануваат и лимитирани, како на пример групниот чет. Групите, според степенот на приватност, можат да бидат од отворен, затворен или од таен карактер. За разлика од нив, страниците се креираат за да бидат јавно достапни за своите фанови.

Други значајни разлики кои би ги истакнале се:

  • Страниците се видливи за нерегистрираните корисници и се индексирани од страна на пребарувачите
  • Страниците имаат можност за дефинирање сопствени адреси, додека групите немаат
  • Страниците, исто така, овозможуваат додавање дополнителни апликации, што не е возможно кај групите
  • Страниците даваат преглед за статистика на фановите, а групите не.

Затоа, страниците се погодни за подобрување и задржување на врската со вашите фанови, читатели или клиенти, а групите се подобри за започнување активни дискусии и за брзо привлекување внимание кај помала група луѓе.

Креирање на страница на Facebook

За да создадете страница на Facebook, отворете ја следнава адреса: http://www.facebook.com/pages/create.php или изберете ја опцијата Create Page, која се наоѓа веднаш под копчето Sign up на почетната страница на Facebook.

Facebook_1

Во случај да немате сметка на Facebook, потребно е да креирате, за да може да креирате страница.

Најпрво, со покажувачот, изберете тип на страница според намената која таа треба да ја има.

Facebook_2

Потоа изберете ја соодветната категорија, внесете го посакуваното име и штиклирајте го празното поле со кое потврдувате дека се согласувате со условите за користење страници на Facebook. Внимавајте на изборот на името, бидејќи откако ќе имате 100 фанови, нема да може да го смените. Го притискате копчето Get started со цел да продолжите со креирање на страницата.

Facebook_3_fixed

Притоа, доколку Facebook, заради сигурносни причини, од вас побара да ги внесете зборовите што ќе ви се прикажат на екранот, направете го тоа. На следниот прозорец изберете ја опцијата I already have a Facebook account и внесете ја вашата адреса за електронска пошта и лозинката кои ги користите за најавување на вашиот личен профил. Со избирање на копчето Log in, Facebook ќе ве пренасочи кон новокреираната страница.

Facebook_4_fixed

Откако ја креиравте страницата, можете да започнете со нејзино уредување. Facebook ви нуди неколку чекори кои можете да ги следите со цел уредувањето да биде успешно.

Facebook_5_fixed

Првата работа што ви ја предлага е да додадете фотографија или лого на страницата. Одберете ја опцијата Upload an image и потоа следете ја постапката за качување фајл од вашиот компјутер.

Facebook_6

Следното што треба да го направите е да внесете неколку информации. Овој чекор е навистина многу важен, но не е дел од чекорите што ги предлага Facebook. Ова може да го направите со избирање на опцијата Edit info, кое се наоѓа веднаш под името на страницата.

Facebook_7_fixed

Следното што треба да го направите е да внесете неколку информации. Овој чекор е навистина многу важен, но не е дел од чекорите што ги предлага Facebook. Ова може да го направите со избирање на опцијата Edit info, кое се наоѓа веднаш под името на страницата. Ќе ви се отвори формулар во кој треба да внесете податоци за вашата општина, фирма или компанија, кои би им биле корисни на вашите фанови. Ги пополнувате полињата во однос на вашите желби, односно според тоа колку информации сакате да споделите. Полињата што се пополнуваат, се разликуваат во зависност од типот на страницата што е креирана. Кога се користи страницата за промоција, најдобро е да има што е можно повеќе податоци, што ќе им овозможи на фановите добро да се информираат.

Facebook_8_fixed

Во делот за детални прилагодувања можете најлесно да ги уредите сите технички опции за вашата страница. До овој дел може да пристапите со следење на линкот Edit Page, кој се наоѓа во десниот горен агол од страницата.

Facebook_9_fixed

Facebook автоматски ќе ве пренасочи кон делот Manage Permissions, во кој ќе може да дефинирате одредени ограничувања во однос на возраста и геолокацијата на корисниците на Facebook кои имаат пристап до вашата страница. Ова значи дека доколку поставите одредени ограничувања, сите што се надвор од зададената граница по возраст или локација, нема да имаат пристап до вашата страница.
Тука, исто така, можете да одредите која страница да се прикажува кога ќе се отвора страницата кај фановите – дали ѕидот или страницата со информации, како и да одлучите дали фановите смеат да пишуваат или да споделуваат одредена содржина на вашиот ѕид.

Facebook_10_fixed

Во делот Manage admins можете да додадете, односно да отстраните одреден администратор на страницата, додека во  делот Apps истото ова да го направите со одредена апликација, како што е Facebook фотографии, Facebook настани и слично.

Facebook_11_fixed

Кога ќе додадете одредена апликација, таа ќе се појави како линк во левиот дел од страната, под вашето лого. Конкретното додавање одредена апликација ќе биде опишано во делот за Facebook настан.

Во делот Mobile може да ги направите вашите Facebook нагодувања за мобилен телефон.

Facebook_12_fixed

Особено значајни информации може да добиете во делот Insight, каде што може да ја видите статистиката на посетеност и активност на вашата страница.

Facebook_alb_13.1

Во однос на поставеноста на елементите, на почетната страница, односно страницата со новости на врвот ќе ви се прикаже ред со фотографии во кој ќе ви се објавуваат најновите фотографии кои ќе ги прикачувате или фотографии во кои ќе ја тагирате вашата страница. Доколку не сакате некоја фотографија да се појавува, позиционирајте се со покажувачот на глушецот на неа и изберете го копчето X во горниот десен агол.

Под овој дел со фотографии, се наоѓа ѕидот на кој се прикажуваат содржините кои ги објавуваат вашите фанови или пак вие. Доколку сакате да ги видите само вашите објави, изберете го филтерот, односно опцијата која го носи името на вашиот сајт.За најновите содржини, вклучително и оние од вашите фанови, изберете Most recent, а за најпопуларните Top posts.

Во левиот дел од страницата ќе ви се прикажат линковите: Wall, Info, Photos, Events и другите апликации кои сте ги додале. Под нив ќе ви се прикаже бројот и листата со вашите обожаватели.

Facebook_14_fixed

Промоција на Facebook страница

 

Секако, се цел да привлечете публика, односно обожаватели до страницата што ја креиравте, мора да почнете да ја промовирате.

Следете го следниот чекор кој ви го предлага Facebook и поканите ги пријателите да станат ваши фанови преку кликнување на копчето Like. За да ги видите повторно чекорите, изберете го јазичето Get started, кое се наоѓа веднаш под логото. Со кликнување на копчето Suggest to friends ќе ви се отвори прозорец со вашите пријатели. Обележете ги со покажувачот на глушецот оние пријатели кои сакате да ги поканите и кликнете на Send Recommendations.

Facebook_15_fixed

Откако заинтересираните пријатели ќе се приклучат кон вашата страница, сите вести и информации кои ќе ги објавите на ѕидот на страницата, ќе им се појават на нивните почетни страници во вид на новости.

Друг начин да ја предложите страната на вашите пријатели и соработници е преку внесување на контактите кои ги имате на вашите сметки за електронски пораки. Направете го тоа преку опцијата Import Contacts.

Facebook_16

Ефективен начин на промоција на страницата е и опцијата за додавање на копчето Like на вашата постојна веб-локација. Со избор на копчето Add like box од делот Marketing, во делот за детални прилагодувања (Edit Page), ќе ви се отвори страница на која со кликнување на опцијата Get Code, ќе може да го земете кодот и да го додадете на вашиот веб-сајт.

Facebook_17

Опцијата Promote with an ad, која се наоѓа на десната страна, под полето со администратори, е корисна опција за бизнис-промоција на вашата страница.

Facebook_18_fixed

До оваа опција може да стигнете и преку деталните прилагодувања (Edit Page), во делот Marketing со избор на линкот Advertise on Facebook. На овој начин вие нема само да привлечете фанови преку ѕидот или пораките во состав на вашата страница, туку и преку профилите на корисниците на Facebook, бидејќи огласите се појавуваат од десната страна на нивните профили. За креирање оглас, едноставно следете ја формата и пополнете ги потребните податоци. Секако оваа опција не е бесплатна.

За полесна промоција на вашата Facebook страница, корисно е да ѝ доделите уникатна адреса. На овој начин вашата страница ќе биде полесно препознатлива и достапна за сите ваши фанови.

За да создадете адреса за вашата страница, изберете ја опцијата Edit Page, а потоа  јазичето Basic Information. Во делот Username кликнете на линкот „Set a username for your Pages“. За да може да додадете сопствена адреса, ќе мора вашата страница да има повеќе од 25 фанови. Доколку овој услов е исполнет, на наредниот екран кај „Page Name“, селектирајте jа страницата и потоа изберете некој од понудените кориснички имиња или кликнете на повеќе и внесете име по ваша желба. На копчето Confirm потврдете го вашиот избор.
Откако ќе ја изберете адресата, потоа не може да ја смените, затоа внимателно со изборот. Тогаш адресата на вашата страница ќе биде http://www.facebook.com/izbranoto_ime што е и многу посоодветна форма за промоција, отколку некоја адреса која не би можеле ниту да ја кажете усно, ниту да ја запаметите.

Откако ги направивте сите прилагодувања, страницата можете да започнете активно да ја користите.

Goce ArsovskiFacebook како алатка за промоција
Разлика меѓу страница и група на Facebook За полесно разбирање на начинот на кој се користат страниците на Facebook, важно е тие да се разграничат од групите. Страниците најчесто се користат за промоција на организација, компанија, производ или некоја јавна личности и можете да ги креирате само ако сте нивен...