Целна јавност или кого наговараме
Кога во односите со јавноста зборуваме за целна јавност, мислиме на јавноста која за некое определено прашање е од интерес за Комисијата за односи меѓу заедниците. Општинскиот совет и градоначалникот се основните јавности на Комисијата, но генерално и сите граѓани во општината треба да се цел на комуницирањето на Комисијата. Но, не за сите прашања и не за секоја цел.Според најопштата дефиниција, јавноста е група луѓе со определени заеднички карактеристики и интереси. На ова слободно може да додадеме дека определена јавност може да биде цел на интересот на општината само во определен временски период.Јавноста може да биде голема група луѓе: сите граѓани, припадниците на една етничка заедница, учениците во основните училишта, бизнис-заедницата, туристите, пошироката македонска јавност и др.Од друга страна, јавноста може да биде и мала група луѓе: Советот на општината, раководителите на јавните претпријатија, сопствениците на локалните угостителски објекти, дописниците на националните медиуми, ЗЕЛС, подрачните министерства, донаторите и др.

Генерално, јавностите се делат на две основни групи:

¨       внатрешна јавност – Претседател и членови на Комисијата, и

¨       надворешна јавност – Советот на општината, градоначалникот, државните институции, медиумите, граѓаните, верските заедници, невладините организации и др.

Можеме да направиме уште една поделба на јавностите, овојпат според ангажираноста и заинтересираноста за определени прашања или проблеми. Така, јавностите ги делиме на:

¨       непублика – незаинтересирана, несвесна за проблемот, не презема никаква акција

¨       пасивна публика – соочена со проблемот, но не го препознава

¨       свесна публика – соочена со проблемот и го препознава

¨       активна публика – го препознава проблемот и е подготвена за акција

Оваа поделба, иако е општа, ќе ни помогне да согледаме колкави ресурси и време ќе потрошиме за да стигнеме до саканата цел. Непишано правило во односите со јавноста е дека најмалку време и енергија треба да вложиме во анимирање на непубликата и на активната публика. Првите не ги интересира и никогаш нема да ги интересира она што имаме да го кажеме, па беспредметно е сите ресурси да ги истрошиме на нив. Вторите веќе се ангажирани и подготвени за акција и со малку средства ќе стигнеме до нив. Во фокусот на комуникацијата треба да ни бидат пасивната публика, која треба да ја натераме да го препознае проблемот, и свесната публика, која треба да ја поттикнеме на акција.

Најчесто, за остварувањето една комуникациска цел имаме повеќе целни јавности.

Пример: Целни јавности за усвојување Програма за приближување на децата од различни етнички заедници

Во нашиот пример со Програма за приближување на децата од различни етнички заедници, главна целна јавност се советниците и градоначалникот. Покрај главната целна јавност, и останатите граѓани во општината можеме да ги сметаме за целна јавност. Во овој пример, уште една јавност може да биде цел на комуникација со комисијата, т.н. влијателна јавност, директорите и педагозите во основните и средните училишта, сопствениците и раководствата на спортски клубови, невладините организации и др.

http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/04/kogo-nagovarame.pnghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/04/kogo-nagovarame-300x300.pngadminОдноси со јавноста
Целна јавност или кого наговараме Кога во односите со јавноста зборуваме за целна јавност, мислиме на јавноста која за некое определено прашање е од интерес за Комисијата за односи меѓу заедниците. Општинскиот совет и градоначалникот се основните јавности на Комисијата, но генерално и сите граѓани во општината треба...