Целта на оваа иницијатива е да го зајакне перформансот и меѓународната привлечност на високо-образовните институции во Европа и да го зголеми севкупниот квалитет на сите нивоа на образование и обука во ЕУ, комбинирајќи исклучителност и рамноправност, преку промовирање мобилност на студентите и оние кои посетуваат обуки, и подобрување на вработеноста на младите.

На ниво на ЕУ, Комисијата ќе работи на:

  • интегрирање и зајакнување на мобилноста на ЕУ, универзитетските и истражувачките програми (како што се Еразмо, Еразмо Мундус, Темпус и Мари Кири), и нивно поврзување со националните програми и ресурси;
  • забрзување на агендата за модернизација на високото образование (наставна програма, управување и финансирање), вклучително и преку утврдување репери за перформансот на универзитетите и за образовните резултати во глобален контекст;
  • истражување начини за промоција на претприемништвото преку програми за мобилност наменети за млади професионалци;
  • промоција на признавањето на неформалното и аформалното учење;
  • лансирање на рамка за вработување на младите која ги дава главните насоки за политиките за намалување на невработеноста на младите: оваа рамка треба, заедно со државите-членки и социјалните партнери, да промовира влез на младите на пазарот на трудот преку практиканство, стажирање и други работни искуства, вклучително и преку шема („Вашето прво вработување преку EURES“) чијашто цел е да се зголемат можностите за работа на младите преку давање предност на мобилноста ширум ЕУ.

На национално ниво, државите-членки треба:

  • да обезбедат ефикасни инвестиции во системите за образование и обука на сите нивоа (од претшколско до терцијарно образование);
  • да ги подобрат образовните резултати, осврнувајќи се на сите сегменти (претшколско, основно, средно, стручно и високо образование) во рамките на интегриран приод и вклучувајќи ги клучните компетенции и целејќи кон намалување на раното напуштање на образованието;
  • да ја зајакнат отвореноста и релевантноста на образовните системи, преку развивање на националните рамки на квалификации и подобро насочување на резултатите од учењето кон потребите на пазарот на труд;
  • да го подобрат влезот на младите на пазарот на трудот, преку интегрирана акција која опфаќа насочување, советување и практиканство.
adminУдарни иницијативи
Целта на оваа иницијатива е да го зајакне перформансот и меѓународната привлечност на високо-образовните институции во Европа и да го зголеми севкупниот квалитет на сите нивоа на образование и обука во ЕУ, комбинирајќи исклучителност и рамноправност, преку промовирање мобилност на студентите и оние кои посетуваат обуки, и подобрување на...