Индустрија, а посебно МСП, претрпеа тежок удар од економската криза, додека сите сектори се соочуваат со предизвиците на глобализацијата и приспособувањето на нивните производствени процеси и производи кон ниско-крабонската економија. Ефектот на овие предизвици ќе биде различен од сектор до сектор, а некои сектори ќе треба „одново“ да се преструктуираат, додека за другите овие предизвици ќе претставуваат нови деловни можности. Комисијата ќе работи заедно со засегнатите страни од различните сектори (бизнис, синдикати, академици, НВО, организации на потрошувачи) и ќе изготви рамка за модерна индустриска политика, со цел да го поддржи претприемништвото, да ја насочи и да и помогне на индустријата да биде способна да се соочи со овие предизвици, да промовира конкурентност на примарните, производствените и услужните индустрии на ЕУ и да им помогне да ги искористат можностите на глобализацијата и на зелената економија. Рамката ќе ги вклучува сите елементи на растечкиот синџир на меѓународни вредности, од пристап до суровини, до пост-продажни услуги.

На ниво на ЕУ, Комисијата ќе работи на:

  • воспоставување индустриска политика, преку создавање на најдобрата средина за одржување и развој на силна, конкурентна и диверзифицирана индустриска база во Европа, како и преку поддржување на транзицијата на производствените сектори кон поголема ефикасност на енергијата и на ресурсите;
  • развивање на хоризонтален пристап кон индустриската политика, преку комбинирање на различни инструменти на политиката (на пример, „паметни“ регулативи, модернизирани јавни набавки, правила за конкуренција и утврдување стандарди);
  • подобрување на бизнис климата, особено за МСП, вклучително и преку намалување на трансакционите трошоци за водење бизнис во Европа, промовирање на кластерите (деловните гранки) и подобрување на достапен пристап до финансии;
  • промоција на реструктуирањето на секторите кои се соочуваат со тешкотии кон активности насочени кон иднината, вклучително и преку брза примена на вештини за новите брзорастечки сектори и пазари, и поддршка преку шемите за државна помош на ЕУ и/или преку Фондот за приспособување на глобализацијата;
  • промовирање технологии и прозводни методи коишто го намалуваат користењето на природни ресурси, и зголемување на инвестициите во постоечките природни средства на ЕУ;
  • промовирање на интернационализацијата на МСП;
  • гарантирање дека транспортните и логистичките мрежи и овозможуваат на индустријата ширум Унијата да има ефективен пристап до единствениот пазар и до меѓународните пазари;
  • развивање ефективна просторна политика за да се обезбедат алатки за решавање на некои од клучните глобални предизвици и конкретно за испорака на Галилеј и Глобалниот мониторинг за животна средина и безбедност (GMES);
  • зајакнување на конкурентноста на европскиот сектор за туризам;
  • ревидирање на регулативите за да се поддржи транзицијата на услужните и производните сектори кон поголема ефикасност на ресурсите, вклучително и поголема ефикасност на рециклирањето; за да се подобри начинот на кој функционира утврдувањето на европски стандарди, со цел да се унапредат европските и меѓународните стандарди за долгорочна конкурентност на европската индустрија. Ова подразбира и промоција на комерцијализацијата и широката употреба на иновативните технологии;
  • обновување на стратегијата на ЕУ за промоција на корпоративната социјална одговорност како клучен елемент во обезбедувањето дологорочна доверба на вработените и на потрошувачите.

На национално ниво, дражвите-членки треба:

  • да ја подобрат бизнис климата, особено за иновативните МСП, вклучително и преку набавки на јавниот сектор за да се поддржат иновативни стимуланси;
  • да ги подобрат условите за спроведување на регулативите за интелектуална сопственост;
  • да ги намалат административните товари врз компаниите, и да го подобрат квалитетот на законодавството за бизнис;
  • да работат со засегнатите страни од различни сектори (бизнис, синдикати, академици, НВО, организации на потрошувачи) за да ги идентификуваат горливите проблеми и да развијат заедничка анализа за одржување на силна индустриска и база на знаење и да ја стават ЕУ во водечка позиција во однос на глобалниот одржлив развој.
adminУдарни иницијативи
Индустрија, а посебно МСП, претрпеа тежок удар од економската криза, додека сите сектори се соочуваат со предизвиците на глобализацијата и приспособувањето на нивните производствени процеси и производи кон ниско-крабонската економија. Ефектот на овие предизвици ќе биде различен од сектор до сектор, а некои сектори ќе треба „одново“ да се...