Веб-пребарувачи се веб-страници со кои може да се пребарува на интернет. Постојат повеќе веб-пребарувачи кои се користат, но резултатот од пребарувањето е секогаш ист – страница со линкови кои покажуваат кон страници за кои пребарувачот смета дека се оние што ги бара корисникот.

При опишувањето на принципот на работа на веб-пребарувачите ние ќе се задржиме на Гугл (Google).

Osnovi_na_internet_1

Се работи за многу моќна алатка без која би било речиси невозможно да ја најдеме информацијата што ни е потребна на интернет. Како и сите веб-пребарувачи, Гугл користи специјален начин на генерирање на резултатите од барањето.

Во овој курс ќе се потрудиме да ви го претставиме начинот на кој овој пребарувач работи и неколку совети за искористување на неговите можности до максимум.

Успехот на Гугл се базира на минималниот кориснички интерфејс, концептот на популарност на линкови и рангирање страници. Рангирањето страници, односно Page Rank, му овозможува на Гугл да ги подреди резултатите според тоа колку други сајтови содржат линкови кон секоја пронајдена страница. Освен рангирање страници, Гугл користи повеќе од 150 други критериуми за одредување на релевантноста.

Така, на пример, доколку во одреден документ, зборовите што ги пребаруваме –  пример „Општина“ и „Чаир“ се еден до друг, тој документ ќе биде порелевантен резултат и ќе се најде погоре во листата на резултати. Другите резултати во кои овие два збора се наоѓаат поразделени низ текстот на страницата или, пак, не ги содржат тие зборови во насловот, ќе се најдат подолу во резултатите. Доколку зборовите се повторуваат неколкупати низ дадена страница, таа исто ќе се разгледува како подобар резултат.

Osnovi_na_internet_25

Пребарувањето со Гугл е многу едноставно. Почнете со внесување на клучните зборови и Гугл паралелно ќе почне да бара и да ги листа страниците за кои смета дека се релевантни. Доколку не сакате пребарувањето да оди паралелно на вашето внесување, лево од полето за внесување, наместо „instant is on“ изберете „off (press Enter to search)“.

Osnovi_na_internet_27

На тој начин ќе можете првин да го впишете она што ве интересира, а потоа со притискање Ентер или на копчето Search да му дозволите на Гугл да го пребара интернетот со цел да најде содржини релевантни на вашите внесени податоци. За да му препуштите, пак, на Гугл да ве однесе директно на онаа страница која тој мисли дека најмногу одговара на вашето пребарување, изберете „I’m feeling lucky“, наместо опцијата Search.

Osnovi_na_internet_28

Притоа треба да внимавате на неколку работи. При пребарувањето секој збор е важен. Сите зборови што ќе ги внесете, ќе бидат искористени во пребарувањето. Користењето големи наспроти мали букви со Гугл не прави никаква разлика.

Osnovi_na_internet

Така, ако внесете Општина Тетово или општина тетово, нема да направи никаква разлика во резултатите. Контрапункциските знаци, како на пример: @#$%^&*()=+[]\, исто така, најчесто се игнорираат.

За вашето пребарување да биде поуспешно и шансите за доаѓање до вистинската информација да се зголемат, со вас ќе споделиме неколку совети за користењето на овој веб-пребарувач.

Така, доколку сакате Гугл во резултатите да ви ги даде страниците во кои пронашол барем еден од зборовите што сте ги внеле, ставете „OR“ или знакот „|“ помеѓу зборовите. Со ставање „AND“ помеѓу зборовите, му кажувате на Гугл да бара страници кои ги содржат сите внесени зборови. Доколку ставите наводници (“”) околу одреден број зборови, на Гугл му кажувате дека при пребарувањето, предвид треба да го земе точниот редослед на тие обележани зборови.

Osnovi_na_internet_31_fixed

Доколку, пак, во пребарувањето пред некој збор го ставите знакот минус (-), на Гугл му кажувате дека не сакате во резултатите да добиете страници што го содржат овој збор. Доколку не знаете одреден збор од целината што ја впишувате, заменете го со ѕвездичка (*). Ако пред некој збор го ставите знакот плус (+), на Гугл му давате наредба тој збор да го пребарува во форма иста како таа што сте ја впишале. За да го дознаете значењето на некој збор, користете ја „define“- алатката, односно пред зборот чие значење го барате впишете „define:“.

Гугл може да се користи и како калкулатор. Впишете го изразот што сакате да го пресметате, користејќи ги знаците +, -, *, / .

Osnovi_na_internet_32

Ако сакате да пребарувате само одредени веб-страници, пишете „site:“ пред веб-адресата што ја пребарувате и податоците што ги пребарувате. На пример „site: http://www.mek.mk/ Чаир“, за да го пребарате МЕК сајтот за информации поврзани со Чаир.

Osnovi_na_internet_33_fixed

Гугл нуди можност да пребарувате и само во одредена категорија содржини, како на пример: вести, блогови, финансии, слики и сл. Категориите се дадени во горниот лев агол на почетниот прозорец на Гугл.

Osnovi_na_internet_34

Избегнувајте пребарување клучни зборови внесени во вид на прашање, бидејќи со тоа ги ограничувате резултатите што ќе ги добиете. Колку повеќе зборови внесувате во пребарувањето – толку помалку релевантни резултати добивате, бидејќи и на овој начин ги ограничувате резултатите.

Goce ArsovskiОснови на интернет
Веб-пребарувачи се веб-страници со кои може да се пребарува на интернет. Постојат повеќе веб-пребарувачи кои се користат, но резултатот од пребарувањето е секогаш ист – страница со линкови кои покажуваат кон страници за кои пребарувачот смета дека се оние што ги бара корисникот. При опишувањето на принципот на работа на...