Кога ќе креирате нов слајд, од десната страна ќе ви се појави прозорец со неколку видови распоред на слајдови, односно Slide Layout.

Power_Point_2003_37

Од овој прозорец изберете го распоредот што најмногу ви одговара. Секако, изборот најмногу ќе зависи од видот на содржината што ќе ја внесувате. Во случај кога треба да вметнувате текст, изберете некој од распоредите за текст. Со тоа на слајдот ќе ви се прикажат една или повеќе правоаголни рамки во кои ќе треба да го впишете текстот. Внесувањето можете да го направите или во самиот прозорец за слајд или во делот за контура, односно Оutline.

Power_Point_2003_38_fixed

Подоцна, на рамките со текст ќе може да им ја смените големината или позицијата на слајдот.

Power_Point_2003_39_fixed

Внесениот текст може соодветно да го уредите користејќи ги опциите од лентата за форматирање.

Power_Point_2003_40

Првин обележете го текстот, а потоа доколку сакате да го здебелите, изберете ја опцијата Bold, за да го закосите – опцијата Italic, за да го подвлечете – опцијата Underline, а за да креирате сенка – Shadow. Типот на фонтот сменете го во паѓачката листа Font, a големината во листата Font Size. Текстот, исто така, може да го порамните соодветно, избирајќи ги опциите Align Left, за лево порамнување, Align Right, за десно порамнување и Align Center, за го центрирате текстот на слајдот.

При секое додавање нов слајд се појавува слајд со наслов и листа за набројување со знаци. Доколку сакате да креирате нова листа, тоа може да го направите со опцијата Bullets and Numbering  од менито Format. Co тоа ќе ви се отвори дијалог прозорецот Bullets and Numbering.

Power_Point_2003_41

Во зависност од тоа дали сакате листа со знаци или со бројки, изберете го соодветното јазиче, Bulleted за знаци, a Numbered за бројки. Потоа изберете го начинот на кој сакате да ви се прикажат набројувањата. Големината и бојата на текстот изберете ги преку опциите Size и Color, соодветно. За дополнителни знаци изберете ја опцијата Customize. Доколку наместо бројка или знак, сакате да ставите слика, изберете ја опцијата Picture.

Power_Point_2003_42

За да копирате или да преместите текст од друг документ или од едно на друго место во самата презентација, користете ги опциите Copy, Cut и Paste. Првин обележете го текстот кој сакате да го копирате, односно преместите. Потоа изберете ја иконата Copy, односно Cut од стандардната лента со алатки.

Power_Point_2003_43_fixed

Овие икони соодветствуваат со кратенките од тастатура Ctrl и C, односно Ctrl и X, соодветно. Позиционирајте се со покажувачот на глушецот на местото на презентацијата каде што треба да го копирате текстот и притиснете ја иконата Paste од лентата со алатки, односно изберете ја комбинацијата Ctrl и V од тастатурата.

Power_Point_2003_44_fixed

Понекогаш е потребно да најдете одреден текст или збор во презентацијата и да го замените со некој друг. Тоа најлесно ќе го направите со опцијата Replace од менито Edit.

Power_Point_45

Во делот Find What внесете го текстот што го барате. Во делот Replace With, пак, вметнете го новиот текст. Со избирање на копчето Find next  ќе го пронајдете следното појавување на бараниот текст, со Replace ќе го замените со новиот текст, а со Replace Аll ќе ги замените сите појавувања на бараниот текст.

Goce ArsovskiИзработување презентации во Power Point 2003
Кога ќе креирате нов слајд, од десната страна ќе ви се појави прозорец со неколку видови распоред на слајдови, односно Slide Layout. Од овој прозорец изберете го распоредот што најмногу ви одговара. Секако, изборот најмногу ќе зависи од видот на содржината што ќе ја внесувате. Во случај кога треба да...