На 13 Мај 2015 год. со почеток во 16:30 часот, Здружението „НОВУС“ во склоп на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Македонскиот ентар за европско образование (МЦЕО), со финансиска помош од Европската унија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“, организира јавен настан на кој ќе го промовира проектот “Промовирање и иницирање на меѓусебна соработка и вмрежување помеѓу граѓанскиот сектор и локалните власти”. На овој настан ќе присуствуваат граѓанските организации кои се дел од мрежата, како и поканети се сите организации кои сакаат да дознаат повеќе во врска со проектот “Општина Струмица – Отчетна, партиципативна и транспаретна општина по мерка на граѓаните” како и целите на истиот.

Сите организации кои сакаат да присуствуваат на овој настан ќе имаат можност да станат дел од оваа мрежа со само потпишување на декларацијата на „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“.

Настанот ќе се одржи во просториите на Хотел Сириус во Струмица.

http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/05/novus-1024x709.pnghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/05/novus-300x300.pngAdrijana SelmaniВестиНастани
На 13 Мај 2015 год. со почеток во 16:30 часот, Здружението „НОВУС“ во склоп на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Македонскиот ентар за европско образование (МЦЕО), со финансиска помош од Европската унија преку програмата „Поддршка за зајакнување,...