Граѓанското учество во Македонија од 2012 до 2014 година – Искуства и предизвици

Младински Културен Центар,Скопје

Среда, 10-ти jуни, 2015

Во среда, 10-ти јуни, 2015 година, во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје ќе се одржи дебатата „Граѓанското учество во Македонија од 2012 до 2014 година – Искуства и предизвици“.

Целта на настанот е да се поттикне дискусија за можностите и предизвиците за граѓанско учество во Македонија, како и да се разменат искуства и позитивни примери на успешни граѓански иницијативи.

Настанот ќе се осврне на разликите во граѓанското учество во Република Македонија за 2012, 2013 и 2014 година кои се произлезени од анкетата за граѓанско учество која Реактор – Истражување во акција ја спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Покрај презентацијата на наодите од истражувањето, граѓански активисти и претставници на граѓански иницијативи ќе дискутираат за нивните искуства и предизвици, како и за граѓанскиот активизам во моменталниот контекст.

Поканата за настанот е достапна на овој линк.

Агендата за настанот е достапна на овој линк.

http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/06/1-1024x647.pnghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/06/1-300x300.pngAdrijana SelmaniВестиНастани
Граѓанското учество во Македонија од 2012 до 2014 година – Искуства и предизвици Младински Културен Центар,Скопје Среда, 10-ти jуни, 2015 Во среда, 10-ти јуни, 2015 година, во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје ќе се одржи дебатата „Граѓанското учество во Македонија од 2012 до 2014 година – Искуства и предизвици“. Целта на настанот...