На 20 Мај (среда), 2015 година, во просториите на месната заедница „Кузман Јосифовски Питу„ во близина на Германска амбасада се одржa промотивен настан за промоција на проектот “Промовирање и иницирање на меѓусебна соработка и вмрежување помеѓу граѓанскиот сектор и локалните власти”. На овој промотивен настан беа претставени целите, активностите и очекуваните резултати од проектот “Промовирање и иницирање на меѓусебна соработка и вмрежување помеѓу граѓанскиот сектор и локалните власти” и беше ставен главен акцент на платформата која има за цел да ги прикаже минатите и сегашни проекти поддржани од локалните власти, а спроведени од страна на граѓанскиот сектор.

DSCI0054

Целта на проектот “Промовирање и иницирање на меѓусебна соработка и вмрежување помеѓу граѓанскиот сектор и локалните власти” е:

  • тркалезни маси / работилници наменети за партнерите вклучени во проектот, со цел поефикасна работа и реализација на сите активности (креирање на упатства, стратегии, итн.)
  • Креирање на информациско технолошки алатки (веб страна)
  • Истражување и креирање на дата база на реализирани проекти помеѓу таргет групите (општини и граѓански организации)

Се презентираше и декларацијата „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, која претставува платформа за соработка на граѓански организации, неформални инцијативи и поединци кои работат на полето на доброто владеење. Таа се стреми кон унапредување на доброто владеење како еден основните предуслови за демократизација на општеството и напредок во евро-атланските интеграции на РМ. На овој настан четири граѓански организации ја потпишаа декларацијата, со што и се приклучија во Мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество.

DSCI0045

На презентацијата на проектот “Промовирање и иницирање на меѓусебна соработка и вмрежување помеѓу граѓанскиот сектор и локалните власти” присуствуваа 4 претставници од граѓански организации, 10 претставници од Општина Куманово и неколку претставници на локални медиуми и онлајн портали кои ја споделија веста за овој јавен настан како и целта на овој проект, во продолжение се наведени сите објави за овој настан:

Овој проект е имплементиран во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно граѓанско учество“ спроведен од Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Македонскиот ентар за европско образование (МЦЕО), со финансиска помош од Европската унија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“.

http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/07/DSCI0045-1024x768.jpghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/07/DSCI0045-300x300.jpgAdrijana SelmaniВестиНастаниПромотивни настани
На 20 Мај (среда), 2015 година, во просториите на месната заедница „Кузман Јосифовски Питу„ во близина на Германска амбасада се одржa промотивен настан за промоција на проектот “Промовирање и иницирање на меѓусебна соработка и вмрежување помеѓу граѓанскиот сектор и локалните власти”. На овој промотивен настан беа претставени целите, активностите и...