На 16.07.2015 година, среда, со почеток од 16:30ч во малата сала во хотел Сириус, беше организирана работилница за пренесување на знаење врз основа на претходно одржаните обуки од работилниците организирани од Метаморфозис. Граѓанските организации потписници на Декларацијата за активно ефикасно учество се запознаа со одредени сегменти од ПР, маркетинг, ЕУ и ИПА програмата. На работилницата учествуваа организации од Струмица кои заедно ја поминаа основната материја и знаење потребно за одредено здружение и/ или асоцијација да функционира правилно и секако, да биде подготвено за аплицирање на посериозни повици за реализација на идни проекти.

Novus

На работилницата беа презентирани и разработувани во групи: принципите на отвореност, транспарентност и отчетност, креирањето на Комуникациски план и Соопштение за медиумите и презентација на програмите на Eвропска унија и ИПА кои се достапни за здруженијата на граѓани од Македонија и регионот.

IMAG1509

Обучувачи беа Ѓорги Тасев и Ѓорги Милушев од здружението НОВУС. Организациите преку своите претставници кои што беа дел од оваа работилница изразија огромно задоволство што се запознаа со одредени сегменти од ПР, маркетинг, ЕУ и ИПА и дека тоа ќе придонесе да се зголемат капацитети на нивите организации.

Воедно заеднички заклучок на сите е да има вакви работилници во континуитет со што организациите меѓу себе ќе разменуваат искуства и знаења, а со тоа ќе се придонесе и за креирање на граѓанско општество кое што ќе биде вистински „watch dog“ на работата на институциите на системот.

Adrijana SelmaniВестиНастаниОбуки
На 16.07.2015 година, среда, со почеток од 16:30ч во малата сала во хотел Сириус, беше организирана работилница за пренесување на знаење врз основа на претходно одржаните обуки од работилниците организирани од Метаморфозис. Граѓанските организации потписници на Декларацијата за активно ефикасно учество се запознаа со одредени сегменти од ПР, маркетинг,...