Одржана обука за заедничка методологија на партиципативна проценка, за соработка за застапување и градење коалиции
На 7ми и 8ми мај, во просториите на Хотел Континентал, Скопје се одржна дводневна обука за заедничка методологија на партиципативна проценка, за соработка за застапување и градење коалиции која ја проследија грантистите од проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“.
На обуката учесниците имаа прилика да научат нешто повеќе за предностите на вмрежувањето, контекст на информирањето, а меѓу другото и тоа како да создаваат стратегии за вмрежување и креирање на ефективни стратегии за вмрежување. За време на обуката грантстите, покрај теоретскиот дел, учествуваа и во практична примена на наученото преку извршување на разни задачи, интерактивни вежби и работа во групи.
Оваа обука е од циклусот превидени обуки кои ќе се одржат во наредниот период, во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со МЦЕТ, а со финансиска помош од Европската комисија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество”.
http://akcija.mk/odrzhana-obuka-za-zaednichka-metodologija-na-partitsipativna-protsenka-za-sorabotka-za-zastapuvane-i-gradene-koalitsii/http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/05/admin-ajax.jpghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/05/admin-ajax-300x300.jpgВестиНастаниОбуки