Еко Живот – Регионален Еко Центар од Кавадарци, ја потпишаа декларацијата за „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“ на 08.07.2015 год, со што се здружија во оваа мрежа.

Потписниците на оваа декларација се здружуваат во:

 Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество

 Мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество прeтставува платформа за соработка на граѓански организации, неформални инцијативи и поединци кои работат на полето на доброто владеење. Таа се стреми кон унапредување на доброто владеење како еден основните предуслови за демократизација на општеството и напредок во евро-атланските интеграции на РМ.

Мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество преку своето делување ќе се стреми да ги исполни следните цели:

  • Зајакнување на капацитетите на граѓанското општество во полето на доброто владеење преку едукација, вмрежување, размена на искуства и добри практики;
  • Континуирано идентификување на актуелни проблеми од областа на доброто владеење кои директно ги засегаат локалните заедници и вклучување на заедниците во креирање и имплементација на решенија;
  • Креирање и промовирање јавни политики и пракси за доследно почитување на принципите на доброто владеење и нивно унапредување на локално и национално ниво;
  • Развиен систем за надлегудвање и известување за степенот на имплементација на стандардите на добро владеење на локално и национално ниво;
  • Подигнување на свеста на јавноста за потребата за унапредување на доброто владеење и активно вклучување на граѓанките и граѓаните во процесите на креирање јавни политики.

 

http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/05/dekl.pnghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/05/dekl-300x300.pngAdrijana SelmaniВести
Еко Живот - Регионален Еко Центар од Кавадарци, ја потпишаа декларацијата за „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“ на 08.07.2015 год, со што се здружија во оваа мрежа. Потписниците на оваа декларација се здружуваат во:  Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество  Мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество...