На 23 септември, за време на финалната конференција од проектот Акциска мрежа за добро владеење, беше промовирана публикацијата со наслов „Добро владеење – искуства и предизвици“.

Во оваа публикација се обработуваат поврзаноста на доброто владеење со ИКТ и новите медиуми, истражување и креирање политики и ЕУ. Исто така, во рамките на ова издание се пренесени искуствата и предизвиците, односно научените лекции и препораки од сите 16 проекти имплементирани преку малите грантови доделени на 16 граѓански организации во рамките на овој проект.

Публикацијата е достапна за преземање на македонски, англиски и албански јазик.

Проектот Акциска мрежа за добро владеење е имплементиран од Фондација Метаморфозис, во партнерство со Македонски центар за европско образование и Реактор, а со финансиска поддршка на Европската Унија. Целта на проектот Акциска мрежа за добро владеење е промовирање на динамично граѓанско општество кое ефективно ги мобилизира граѓаните за активна вклученост во доброто владеење и транспарентноста, како и влијание врз процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.

http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/10/-446B8A953D6B325EB7D8FAF8C7AA1E9B7C1CA25A471444443B-pimgpsh_fullsize_distr.jpghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/10/-446B8A953D6B325EB7D8FAF8C7AA1E9B7C1CA25A471444443B-pimgpsh_fullsize_distr-300x300.jpgAdrijana SelmaniВести
На 23 септември, за време на финалната конференција од проектот Акциска мрежа за добро владеење, беше промовирана публикацијата со наслов „Добро владеење - искуства и предизвици“. Во оваа публикација се обработуваат поврзаноста на доброто владеење со ИКТ и новите медиуми, истражување и креирање политики и ЕУ. Исто така, во рамките на...