Активното граѓанско учество е еден од основите на модерната демократија, заедно со неприкосновеноста на човековите права и неопходноста за постојана отчетност и одговорност на носителите на јавни функции и вработените во државните институции пред граѓаните. Ова ги прави модерните демократии различни од првобитната античка демократија, која се базирала на просто одлучување на мнозинството – така, Собранието во античка Атина можело да одлучи да прогони некој граѓанин на 10 години („остракизам“) и без посебна причина, само со доволно гласови. Овие карактеристики ја разликуваат модерната демократија и од формите на демократско владеење од XIX и раниот XX век, кога институциите ги прашувале граѓаните за мислење само за време на избори, додека во периодот меѓу два изборни циклуси оној кој ќе добие 50% + 1 од гласовите владеел „неприкосновено“.

Потребата никако да не се повторат ужасите на Втората светска војна довела до дефинирање и развој на системот за заштита на основните човекови права, запишани во Декларацијата на ООН за основни човекови права и слободи од 1946 година. Паралелно со развој на механизми за вградување на овие права како фундаментално унапредување на демократските системи, се развива и концептот на активно граѓанско учество според кој граѓаните имаат право да бидат консултирани и директно инволвирани во процесите на одлучивање не само преку нивни делегирани претставници (пратеници, членови на општински совети) туку и директно – преку сведоштва, петиции, референдуми, како и преку форми на граѓанското општество – граѓаннски организации и здруженија, формални и неформални иницијативи, групен и индивидуален активизам.

Оваа анализа е резултат на мапирањето на активностите за активно граѓанско учество кои се одвиваа пред и во текот на спроведувањето на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“ (НЕАП). Проектот ги засилува постоечите напори на граѓанските организации, градејќи им ги капацитетите и вештините за користење на новите технологии за вмрежување и застапување.  Преку серија на алатки и обуки, локалните граѓански организации ќе имаат подобрена соработка едни со други, со нивните целни групи и граѓаните на најклучните нивоа, како и вертикално со владата. Овие нови односи водат кон градење на коалиција, подобрен јавен ангажман и можности граѓанските организации да влијаат врз креирањето на политиките и демократските реформи. Проектот цели кон четири клучни подрачја на активности: градење на стратегии преку поопширни консултации,  градење на капацитетите за граѓанските организации, мали грантови за одредени кампањи за поддршка и градење на поширока корисничка заедница.

Интегрален дел од проектот НЕАП е и мапирање на состојбите поврзани со активното граѓанско уччество во текот на неговото времетраење, како и прибирање информации, позитивни примери и научени лекции кои ќе овозможат понатамошен развој на оваа важна општествена дејност, од витален интерес за унапредувањето на демократијата во Република Македонија.

Преземете ја анализата.

Adrijana SelmaniNEAPВести
Активното граѓанско учество е еден од основите на модерната демократија, заедно со неприкосновеноста на човековите права и неопходноста за постојана отчетност и одговорност на носителите на јавни функции и вработените во државните институции пред граѓаните. Ова ги прави модерните демократии различни од првобитната античка демократија, која се базирала на...