Тимот на Здружението Млади Европски Федералисти – Куманово (ЏЕФ Македонија) со задоволство Ве поканува на презентација на наодите од истражувањето „Општинските веб страници под лупа – транспарентност на општините при објавување на информации од јавен карактер“, со посебен фокус на скопските општини, вклучително и Град Скопје.

Настанот ќе се одржи во среда, 8ми Јули 2015 г., во просториите на ГЕМ Клуб (Менада), со почеток во 17.30 часот.

 Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Советниците дискутираат, граѓаните читаат. Како до потранспарентни локални совети?“, кој има за цел да ја зголеми транспарентноста и пристапот до информации од јавен карактер на локално ниво, како предуслов за ефективен граѓански ангажман и влијание врз одлуките на општинските совети. Истиот е имплементиран во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно граѓанско учество“ спроведен од Метаморфозис и Македонски центар за европско образование.

11141286_880946868629061_2081332034649548147_n

http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/07/11141286_880946868629061_2081332034649548147_n.jpghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/07/11141286_880946868629061_2081332034649548147_n-300x300.jpgAdrijana SelmaniВести
Тимот на Здружението Млади Европски Федералисти – Куманово (ЏЕФ Македонија) со задоволство Ве поканува на презентација на наодите од истражувањето „Општинските веб страници под лупа – транспарентност на општините при објавување на информации од јавен карактер“, со посебен фокус на скопските општини, вклучително и Град Скопје. Настанот ќе се одржи...