Инструментот за претпристапна помош за периодот 2014-2020 (ИПА II) е наменет за поддршка на: Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Косово, Република Македонија, Србија, Турција и Црна Гора во усвојувањето и спроведувањето на политичките, институционалните, правните, административните, социјалните и економските реформи кои се потребни од страна на овие земји, со цел да се усогласат со вредностите на Унијата и постепено да ги усогласуваат на правила, стандардите, политиките и практиките на Унијата, со цел за нивно членство во Унијата.

Преку таква поддршка, ИПА II придонесува за стабилноста, безбедноста и просперитетот во овие земји.

Области:

(а) реформи во подготовките за членство во Унијата и соодветно градење на институции и капацитети;
(б) социо-економски и регионален развој;
(в) вработување, социјалната политика, образование, промовирање на родовата еднаквост, и развој на човечките ресурси;
(г) земјоделството и рурален развој;
(д) регионална и територијална соработка.

 

Тематски приоритети за помош:

(а) Усогласеност со принципот на добра јавна администрација и економското управување. Интервенциите во оваа област имаат за цел: јакнење на јавната администрација, вклучувајќи професионализација и деполитизација на државната служба, внесување меритократски принципи и обезбедување на соодветни административни процедури; зголемување на капацитетот за зајакнување на макроекономската стабилност и поддршка на напредокот кон функционална пазарна економија и поконкурентна економија; поддршка на учеството во мултилатералниот механизам за фискален надзор на Унијата и систематска соработка со меѓународните финансиски институции во однос на основите на економската политика, како и зајакнување на управувањето со јавните финансии.

(б) Воспоставување и унапредување на правилното функционирање на институциите во рана фаза, неопходно за да се обезбеди владеење на правото. Интервенците во оваа област имаат за цел: воспоставување независни, одговорни и ефикасни судски системи, вклучително транспарентно и врз основа на заслуги регрутирање, системи за евалуација и напредување, како и ефективни дисциплински постапки во случаи на злоупотреби;да се овозможи воспоставување на робустни системи за заштита на границите, управување со миграциските текови и да се обезбеди азил на лицатана кои им е потребен; развивање на ефективни алатки за спречување и борба против организираниот криминал и корупцијата; унапредување и заштита на човековите права, правата на припадниците на малцинствата – вклучително и Ромите, како и лезбејки, геј, бисексуалци, транссексуалци и интерсексуални лица, како и основните слободи, вклучувајќи ја и слободата на медиумите.

(в) Зајакнување на капацитетите на организациите на граѓанското општество и организациите на социјалните партнери, вклучително и професионалните здруженија, во Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Косово, Република Македонија, Србија, Турција и Црна Гора и поттикнување на вмрежување на сите нивоа меѓу синдикално – базирани организации и нивните партнери во земјите, овозможувајќи им да се вклучат во ефективен дијалог со јавните и приватните актери.

(г) Инвестирање во образованието, вештините и доживотното учење. Интервенциите во оваа област имаат за цел: промовирање на еднаков пристап до квалитетно рано детство, основно и средно образование; намалување на рано напуштање на училиштето; прилагодување на системите за стручното образование и обука (ВЕТ) на барањата на пазарот на трудот; подобрување на квалитетот и релевантноста на високото образование; подобрување на пристапот до доживотно учење и поддршка на инвестициите во инфраструктурата за образование и обука; особено со цел да се намалат територијалните разлики и негување на образование без сегрегација.

(д) Промовирање на вработување и поддршка на мобилноста на работната сила. Интервенциите во оваа област имаат за цел: одржлива интеграција на младите луѓе кои не се вработени, или вклучени во образование или обука (НЕЕТ) на пазарот на трудот, вклучително и преку мерки за стимулирање на инвестиции за квалитетно создавање на работни места; поддршка за интеграција на невработените;поттикнување на поголемо учество на пазарот на трудот на сите недоволно застапени групи. Други клучни области на интервенција се поддршката на родовата рамноправност, адаптација на работниците и претпријатијата кон промени, воспоставување на одржлив социјалендијалог, модернизација и зајакнување на институциите на пазарот на труд.

(ѓ) Промовирање на социјално вклучување и борба против сиромаштијата. Интервенциите во оваа област ќе имаат за цел: интегрирање на маргинализираните заедници, како што се Ромите; борба против дискриминацијата врз основа на пол, расно или етничко потекло, религија или убедување, попреченост, возраст или сексуална ориентација; подобрување на пристапот до прифатливи, одржливи и високо квалитетни услуги, како што се здравствените и социјалните услуги од заемен интерес, вклучително и преку модернизација на системите за социјална заштита.

(е) Промовирање на одржлив транспорт и отстранување на тесни грла во клучните мрежни инфраструктури, особено преку инвестирање во проекти со високаевропска додадена вредност. Идентификуваните инвестиции треба да бидат приоритетни според нивниот придонес кон мобилноста, одржливоста, намалување на емисиите на стакленички гасови, релевантноста за поврзаноста со земјите-членки на ЕУ, како и кохерентност со единствената европска транспортна област.

(ж) Подобрување на околината на приватниот сектор и конкурентноста на претпријатијата, вклучувајќи паметна специјализација, како клучни двигатели на раст, создавање работни места и кохезија. Приоритет се дава на проекти со кои се подобрува деловното опкружување.

(з) Зајакнување на истражувањето, технолошкиот развој и иновациите, особено преку подобрување на истражувачката инфраструктура, поволна средина и промовирање на вмрежување и соработка.

(ѕ) Придонес кон безбедноста и сигурноста на снабдувањето со храна и одржување на разновидни и одржливи земјоделски системи во руралните заедници и селата.

(к) Зголемување на способноста на земјоделско-прехранбениот сектор за справување со конкурентскиот притисок и пазарните сили, како и постепено усогласување со правилата и стандардите на Унијата, преку остварување на економски, социјални и еколошки цели во рамномерен територијален развој на руралните средини.

(ј) Заштита и подобрување на квалитетот на животната средина, придонес кон намалување на емисиите на стакленички гасови, зголемување на отпорноста кон климатските промени и промовирање на климатска акција за управување и информирање. Финансирањето на ИПА II промовира политики за поддршка на промена кон ресурсно ефикасна, безбедна и одржлива економија со низок степен на јаглеродно загадување.

(к) Промовирање на помирување, градење на мир и мерки за градење доверба.

Финансиската рамка за периодот 2014-2020 год. изнесува 11.698.668.000 евра. Дополнителни 1.680.000.000 евра од различни финансиски инструменти се алоцираат на мобилности за учење, како и за соработка и политички дијалог со властите, институциите и организациите на земјите кориснички на ИПА II.

 

Вежба: До каде е ИПА II и што со неа?

По разгледувањето на општата рамка на ИПА II односно клучните области и тематските приоритети за помош, време е да ги погледнеме релевантните седум приоритетни сектори (политики) за кои ќе биде програмирана помошта од ИПА II во периодот 2014- 2020 година.

Во продолжение по вежбите прикажани се најважните извадоци од Националниот стратегиски документ (НСД- Country Strategy Paper) каде детално се презентирани седумте приоритетни сектори со опишаните проблеми, капацитети, цели, очекувани резултати, акции, индикатори и сл.

Тие се: 1) Демократија и владеење; 2) Владеење на правото и судство; 3) Животна средина; 4) Транспорт; 5) Конкурентност и иновации; 6) Образование, вработување и социјална политика и 7) Земјоделство и рурален развој.

По направената анализа проценивме дека четири од овие седум сектори се приоритетни за локалните власти во Република Македонија, како и за локалните граѓански организации согласно нивните надлежности и потреби.

Четирите приоритетни сектори се: 1) Демократија и добро владеење, 3) Животна средина, 5) Конкурентност и иновации и 6) Образование, вработување и социјална политика.

Прочитајте го текстот од Националниот стратегиски документ и одговорете на прашањата зададени подолу.

 

  1. Според НСД кои се потребите и капацитетите во секторот избран од вашата група? Дали се согласувате со опишаните потреби и капацитети? Дали нешто би промениле?
  1. Кои се целите, очекуваните резултати и предвидените акции во вашиот сектор? Коментирајте ги! Дали сметате дека се соодветни?
  1. Каков вид на финансирање предвидува НСД за вашиот сектор и кои се ризиците кои стојат на патот?
  1. Како ги коментирате индикаторите (показателите) утврдени од НСД и од стратегијата Југоисточна Европа 2020? Дали би ги дополниле со ваш предлог?
http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/04/12.pnghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/04/12-300x300.pngadminДо каде е процесот на програмирање на ИПА II
Инструментот за претпристапна помош за периодот 2014-2020 (ИПА II) е наменет за поддршка на: Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Косово, Република Македонија, Србија, Турција и Црна Гора во усвојувањето и спроведувањето на политичките, институционалните, правните, административните, социјалните и економските реформи кои се потребни од страна на овие земји, со...