Slideshare не е комплетно бесплатен сервис. Постојат одреден број опции и дополнителни привилегии што ги добивате доколку имате платена корисничка сметка.

Иако со бесплатната сметка имате можност да прикачите и по три видеа месечно со максимална големина од 100 МВ за секое, платените варијанти се корисни за корисници на кои оваа сметка им е потребна за професионални или за бизнис-цели.

Со платените сметки добивате можност за приватно поставување на презентациите или нивно споделување единствено со вашите контакти, заштита со лозинка или употреба на тајно URL за споделување. Исто така, добивате можност за преглед на статистиката во врска со вашите презентации, каде што се вградени, како и од каде доаѓаат посетителите што ја виделе, од која организација, кои клучни зборови биле употребени за пребарување итн. Може да следите и кој ја споделувал вашата содржина на Фејсбук и на Твитер, да создадете сопствен канал, да креирате колекции од содржини, да го оневозможите коментирањето на некои содржини доколку сакате, да прикачувате професионални видеосодржини итн.

Постојат три типа платени профили, односно сребрен, златен и платинест.

Slideshare_36mk

Со сребрениот (Silver account) добивате можност за поставување десет видеа месечно со максимална големина од 500 МВ за секое, статистика за користење, приватно поставување содржини, без да ви се појавуваат огласи.

Со златниот (Gold account), добивате можност за поставување дваесет видеа месечно со максимална големина од 500 МВ за секое, статистика за користење, приватно поставување содржини, како и прилагоден канал, без да ви се појавуваат огласи.

Со платинестиот кориснички профил (Platinum account), привилегиите ви се зголемуваат со неограничен број поставени видеа, уникатно дизајнирана профил-тема или целосно брендирање, контрола на активноста на вашиот профил (отстранување на коментарите означени како спам) и целосно ослободување од огласите.

Сребрената корисничка сметка ќе ве чини 19 долари за еден месец, златната 49 долари, а платинестата 249 долари месечно.

Иако привилегиите што ги добивате со платен профил се корисни, сепак за лична употреба на Slideshare веројатно нема да ви бидат потребни, поради широкиот спектар опции што се понудени за обичните корисници. Ако, пак, станува збор за професионален профил, можеби ќе треба да размислите за сребрена корисничка сметка, пред сè, поради можноста од качување десет видеа месечно.

Goce ArsovskiСподелување презентации на интернет
Slideshare не е комплетно бесплатен сервис. Постојат одреден број опции и дополнителни привилегии што ги добивате доколку имате платена корисничка сметка. Иако со бесплатната сметка имате можност да прикачите и по три видеа месечно со максимална големина од 100 МВ за секое, платените варијанти се корисни за корисници на кои...