Иако Slideshare е многу корисен сервис за промоција на вашите презентациски материјали онлајн, сепак тоа не значи дека неговата намена се ограничува на објавување и уредување презентации. На Slideshare може да најдете огромен број интересни и корисни презентации, кои понатаму може да ги користите за свои цели и потреби, како и да ги преземате локално на вашиот компјутер. Во лентата со опции над секоја презентација ќе го најдете копчето Download и откако ќе го кликнете, ќе може да ја зачувате одбраната презентација на вашиот компјутер.

Slideshare28mk_fix

Ќе претпоставиме дека веќе ги поставивте и уредивте вашите презентации на Slideshare. За да ги споделувате презентациите, едноставно кликнете на некоја, по што ќе забележите дека над неа и од нејзината лева страна има повеќе копчиња.

Slideshare29mk_fix

Првата опција во горниот ред ви овозможува праќање на презентацијата по пат на електронска пошта. Кликнете на Email и внесете ја имејл-адресата или корисничкото име на вашиот пријател кому сакате да му ја пратите презентацијата и кратка порака со која ќе го запознаете примачот со темата на вашата презентација.

Slideshare30mk_fix

Следната опција, Favorite, ви овозможува да ја додадете презентацијата меѓу вашите омилени. Може да впишете неколку клучни зборови и краток коментар за презентацијата, а потоа одберете Post.

Slideshare31mk_fix

Со помош на опцијата Embed може да го земете (copy) кодот за презентацијата и да го залепите (paste) на вашиот веб-сајт или блог.

Slideshare32mk

Копираниот код треба да го пренесете во HTML делот на постот што го уредувате, во чии рамки сакате да ја вгнездите и вашата презентација. Поставете го кодот на саканото место и зачувајте ги промените. Вашата објава, покрај останатите елементи кои претходно сте ги вклучиле, ќе ја содржи и презентацијата од Slideshare.

Последната опција од горната лента е можноста за праќање на презентацијата до некоја група или настан на Slideshare. Кликнете на More и потоа одберете ја групата или настанот кон кои сакате да ја приклучите вашата презентација. Напишете кратка порака, а потоа кликнете на Send и презентацијата ќе биде испратена.

Slideshare__34mk

Од левата страна на презентацијата се сместени опциите за брзо споделување на презентацијата на социјални мрежи и блогови. Во вид на копчиња се поставени Facebook и Twitter и блог-платформите Blogger и WordPress. Ако сакате да ја споделите презентацијата на некој друг социјален медиум или блог, одберете More options и во скокачкиот прозорец пронајдете го сервисот што го барате.

Slideshare35mk

Goce ArsovskiСподелување презентации на интернет
Иако Slideshare е многу корисен сервис за промоција на вашите презентациски материјали онлајн, сепак тоа не значи дека неговата намена се ограничува на објавување и уредување презентации. На Slideshare може да најдете огромен број интересни и корисни презентации, кои понатаму може да ги користите за свои цели и потреби,...