За подобар визуелен ефект на презентацијата, може да изберете начин на кој ќе се менуваат слајдовите, односно транзиција. Транзицијата што ќе ја изберете, секогаш ќе се појавува меѓу претходниот и обележаниот слајд. За да го изберете начинот на менување на слајдовите, првин обележете го слајдот на кој ќе ја додадете транзицијата. Потоа,  од јазичето Animations изберете соодветна транзиција од понудените во Transition to this slide.

PowerPoint2007-93_fix

Доколку сакате истата транзиција да ја нанесете на сите слајдови, изберете ја опцијата Apply to Аll.

Во истото мени се наоѓаат опциите со кои може да ја прилагодите брзината на менување на слајдовите и звукот. За да се ограничи презентацијата временски, PowerPoint овозможува точно прилагодување на времето на менување на слајдот преку опцијата Automatically After.

PowerPoint2007-94_fix

Алтернативно, менувањето ќе биде рачно, со кликнување со глушецот или со користење на стрелките од тастатурата.

Поефикасен начин на нагодување на временските интервали е со нивно автоматско нагодување преку проба, односно Rehearse. Од менито Slide Show изберете Rehearse Timings.

PowerPoint2007-95_fix

Како што тече презентацијата, за промена на слајдот, притискајте го копчето Enter. По завршувањето на пробата, кликнете на копчето Yes. Испробајте ја презентацијата неколкупати за да дојдете до вистинските временски интервали. Кога ќе ја пуштите презентацијата, PowerPoint ќе знае по колку време треба да премине на следниот слајд, врз основа на направените проби.

За подобрување на аудио и визуелниот ефект на презентацијата, некои објекти од презентацијата може да се анимираат со некое движење или да им се додаде звук. За да го направите тоа, првин обележете го објектот што сакате да го анимирате, а потоа во јазичето Animations одберете Custom Animation.

PowerPoint2007-96_fix

Во прозорецот Custom Animation кликнете на копчето Add Effect и од понудените категории изберете ја саканата анимација. Кликнете на копчето Play за да ја погледнете анимацијата.

PowerPoint2007-97_fix

За да додадете анимација на текст, обележете го текстот, а потоа следете ја истата постапка како за анимирање објект.

За да одредите кога да почне одредена анимација, во која насока да се движи и со колкава брзина, користете ги опциите  Start, Direction и Speed, соодветно.

Goce ArsovskiРабота со PowerPoint 2007
За подобар визуелен ефект на презентацијата, може да изберете начин на кој ќе се менуваат слајдовите, односно транзиција. Транзицијата што ќе ја изберете, секогаш ќе се појавува меѓу претходниот и обележаниот слајд. За да го изберете начинот на менување на слајдовите, првин обележете го слајдот на кој ќе ја...