Целта на изработката на една презентација е за подоцна таа да биде прикажана пред публика. За да ја активирате презентацијата, потребно е, откако ќе ја отворите, од понудените изгледи долу десно да изберете Slide Show. Ќе ви се отвори првиот слајд на презентацијата, а потоа на сите наредни можете да преминете со притискање на левото копче од глувчето, со притискање на копчето Page Down или со притискање на долната (или десната) стрелка од тастатурата. За да престанете со прикажувањето на презентацијата, се притиска копчето Esc (Escape).

Доколку за време на презентацијата со десниот клик притиснете врз слајдот, се отвора мени со некои дополнителни можности кои можете да ги искористите при презентирањето.

PowerPoint2007-98_fix

Со опциите Next и Previous може да се движите низ слајдовите напред и назад. Со опцијата Go to slide се отвора мени со листа на слајдовите од таа презентација. Опцијата Pointer options се користи за да ја изберете бојата на покажувачот или дали тој воопшто да се гледа.

PowerPoint2007-99_fix

Опцијата Screen овозможува паузирање на презентацијата, затемнување на екранот или да се избрише она што е напишано со пенкало при презентацијата, додека со End Show ја прекинувате презентацијата.

Goce ArsovskiРабота со PowerPoint 2007
Целта на изработката на една презентација е за подоцна таа да биде прикажана пред публика. За да ја активирате презентацијата, потребно е, откако ќе ја отворите, од понудените изгледи долу десно да изберете Slide Show. Ќе ви се отвори првиот слајд на презентацијата, а потоа на сите наредни можете...