Вградување на вашите фотографии од Flickr на вашиот веб-сајт

Ако сакате да поставувате фотографии од Flickr во рамките на написите на веб-сајтот на општината, следете ја следната постапка. Кликнете на сликата што сакате да ја поставите во написот и од менито Share this одберете ја третата опција, Grab the HTML.

Flickr49

Под кодот ќе забележите дека постои можност за одбирање на саканата големина на сликата. Одберете ја соодветната во согласност со тоа дали сакате фотографијата да биде голема, мала, средна, мала сликичка за приказ или, пак, оригиналната големина. Потоа копирајте го кодот под сликата. Преминете во јазичето во кое го пишувате вашиот напис и во делот со HTML кодот од постот, залепете го (paste) копираниот код на саканата позиција. Откако ќе ја изберете опцијата за објавување на написот, ќе можете да забележите дека фотографија е поставена.

Оваа постапка за споделување фотографии од Flickr на вашиот веб-сајт можете да ја применувате само за оние фотографии кои вие сте ги поставиле, и за дел од фотографиите кои ги објавиле  други корисници, но се заштитени со Криејтив комонс лиценца. Споделувањето не е достапно за оние фотографии кои се заштитени со авторски права. Предноста од ваквиот начин на објавување е во тоа што фотографиитe нема да зафаќаат веб-простор на вашиот сајт, туку ќе се вчитуваат од вашиот профил на Flickr.

Вградување слајд-шоу од вашите сетови на Flickr

Доколку пишувате напис за чија цел би користеле цел сет со фотографии на Flickr, корисна опција е можноста за вградување слајд-шоу во постот. На овој начин може да ги вметнете сите фотографии во еден пост, без притоа да се грижите за неговата должина, која би била проблем при поставување на сите слики, редоследно. Откако ќе кликнете на саканиот сет, во горниот, десен агол одберете Slideshow.

Flickr50

Во отвореното слајд шоу одберете Share и потоа ископирајте го кодот под полето Grab the embed HTML.

На истиот начин на кој постапивте при лепење (paste) на кодот за поединечна фотографија, отворете го HTML кодот од постот и залепете ја копираната содржина за прикажување на слајд-шоуто. На крај, не заборавајте јавно да го објавите креираниот напис.

Goce ArsovskiЧување и споделување фотографии на интернет (Flickr)
Вградување на вашите фотографии од Flickr на вашиот веб-сајт Ако сакате да поставувате фотографии од Flickr во рамките на написите на веб-сајтот на општината, следете ја следната постапка. Кликнете на сликата што сакате да ја поставите во написот и од менито Share this одберете ја третата опција, Grab the HTML. Под...