Целта на оваа иницијатива е ре-фокусирање на политиката за истражување, развој и иновации кон предизвиците со кои се соочува нашето општество, како што се климатските промени, ефикасноста на енергијата и на ресурсите, здравјето и демографските промени. Сите алки во синџирот на иновации мора да бидат зајакнати, од истражувањето „сино небо“, до комерцијализацијата.

На ниво на ЕУ, Комисијата ќе работи на:

  • завршување на Европската област на истражување, развивање агенда за стратегиски истражувања која се фокусира на предизвиците како што се енергетската безбедност, транспортот, климатските промени и ефикасноста на ресурсите, здравјето и стареењето на населението, еколошки производни методи и управување со земјиштето, и зајакнување на заедничкото програмирање со државите-членки и со регионите;
  • подобрување на рамковните услови за бизнисите да станат иноватори (т.е., создавање на единствен ЕУ патент и специјализиран суд за патенти, модернизирање на рамката за авторски права и трговски марки, подобрување на пристапот за МСП до заштита на интелектуалната сопственост, забрзано поставување на стандарди за интероперабилност, подобрување на пристапот до капитал и целосно искористување на политиките за побарувачката, на пример, преку јавни набавки и паметна регулатива);
  • лансирање Европски партнерства за иновации меѓу ЕУ и националните власти; забрзување на развојот и примената на технологии потребни за надминување на идентификуваните предизвици. Првата активност ќе вклучи: „градење на био-економија до 2020 год.“, „клуч што ќе им овозможи на технологиите да ја оформат индустриската иднина на Европа“, и „технологии што овозможуваат независен живот на старите лица и нивна поголема активност во општеството“;
  • зајакнување и натамошен развој на улогата на инструментите на ЕУ во поддршка на иновациите (на пример, структурните фондови, фондовите за рурален развој, рамковната програма за истражување и развој, програма за конкурентност и иновации (CIP), стратегиски план за енергетска технологија), вклучително и преку тесна соработка со ЕИБ, и поедноставување на административните постапки за да се олесни пристапот до финансии, посебно за МСП, и да се воспостават механизми за поддршка на иновации поврзани со карбонскиот пазар, имено за оние компании кои поддржуваат брз еколошки развој;
  • промоција на партнерства на знаења и зајакнување на врските меѓу образованието, бизнисот, истражувањето и иновациите, вклучително и преку Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ), и промоција на претприемништвото преку поддршка на младите иновативни компании.

На национално ниво, државите-членки треба:

  • да ги реформираат националните (и регионалните) системи за истражување, развој и иновации, со цел тие да негуваат исклучителност и паметна специјализација, да ја зајакнат соработката меѓу универзитетите, истражувачките центри и бизнисите, да спроведат заедничко програмирање и да ја зајакнат прекуграничната соработка во области со додадена европска вредност, и соодветно да ги приспособат националните постапки за финансирање, со цел да обезбедат дисеминација на техологијата на целата територија на ЕУ;
  • да обезбедат доволен број дипломирани студенти во науката, математиката и инженерството, и да ги фокусираат наставните програми кон креативност, иновации и претприемништво;
  • да им дадат приоритет на расходите за образование, вклучително и преку користење даночни олеснувања и други финансиски инструменти за промоција на поголеми приватни инвестиции во истражувањето и развојот.
adminУдарни иницијативи
Целта на оваа иницијатива е ре-фокусирање на политиката за истражување, развој и иновации кон предизвиците со кои се соочува нашето општество, како што се климатските промени, ефикасноста на енергијата и на ресурсите, здравјето и демографските промени. Сите алки во синџирот на иновации мора да бидат зајакнати, од истражувањето „сино...