Целта на оваа иницијатива е да испорача одржливи економски и социјални придобивки од единствениот дигитален пазар кој се заснова на брз и екстра брз интернет и интероперабилни апликации, со пристап до широкопојасен интернет за сите до 2013 година, пристап до интернет со поголема брзина за сите (30 Mbps или повеќе) до 2020 година, и 50% или повеќе од европските домаќинства да имаат претплата за интернет конекција со брзина поголема од 100 Mbps.

На ниво на ЕУ, Комисијата ќе работи на:

  • обезбедување стабилна законска рамка која стимулира инвестиции во отворена и конкурентна интернет инфраструктура со голема брзина и сродни услуги;
  • развивање на ефикасна политика за користење на интернетот;
  • олеснување на користењето на структурните фондови на ЕУ за реализација на оваа агенда;
  • создавање вистински единствен пазар за онлајн содржини и услуги (на пример, безгранични и безбедни веб услуги на ЕУ и пазари на дигитални содржини, со високо ниво на доверба и сигурност, балансирана регулаторна рамка со јасни режими за правата, развивање на мулти-територијални лиценци, соодветна заштита и надомест за носителите на правата, и активна поддршка за дигитализацијата на богатото културно наследство на Европа, и оформување на глобалното управување на интернетот);
  • реформирање на фондовите за истражување и иновации и зголемена поддршка во полето на информатичките и комуникациските технологии, со цел да се зајакне технолошката предност на Европа во клучните стратегиски полиња и да се создадат услови за поголем раст на МСП за тие да бидат носители на пазарите што се појавуваат и да се стимулираат иновации во ИКТ во сите бизнис сектори;
  • промоција на пристап до интернет и преземање интернет содржини за сите граѓани во Европа, посебно преку акции што поддржуваат дигитална писменост и достапност.

На национално ниво, државите-членки треба:

  • да изготват оперативни стратегии за интернет со голема брзина, и да ги насочат јавните финансии, вклучително и структурните фондови, кон области кои не се целосно опслужени преку приватните инвестиции;
  • да воспостават законска рамка за координација на јавните работи, со цел да се намалат трошоците за проширување на мрежите;
  • да промовираат примена и користење на модерните услуги коишто се достапни онлајн (на пример, е-влада, онлајн здравје, паметен дом, дигитални вештини, безбедност).
adminУдарни иницијативи
Целта на оваа иницијатива е да испорача одржливи економски и социјални придобивки од единствениот дигитален пазар кој се заснова на брз и екстра брз интернет и интероперабилни апликации, со пристап до широкопојасен интернет за сите до 2013 година, пристап до интернет со поголема брзина за сите (30 Mbps или...