На 15.05.2015 во ресторанот Аркадија, во Велес, беше одбележано започнувањето на проектот Зелен сервис за граѓаните. Проектот ќе биде спроведуван од страна на организацијата Вила Зора. На средбата беше потпишана Декларација за соработка и учествуваа граѓански организации кои го пориваат регионот на Велес, но и околните општини: Градско, Неготино, Кавадарци, Росоман, Чашка и Лозово.

Целите на промовираниот проект се:

  • Мобилизирање на граѓаните и подигање на јавната свест, како да влијаат на донесувањето на одлуките на локално ниво
  • Создавање мрежа на невладини организации, со цел подигнување на капацитетите за решавање на проблемите во заедницата
  • Позитивно влијание врз транспарентноста и отчетноста на институциите
  • Идентификување на локалните комунални и еколошки проблеми, презентирање и следење на работата на локалната самоуправа во решавање на проблемите.

Грантовите се доделени во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со МЦЕТ, а со финансиска помош од Европската комисија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“.

http://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/07/DSCN2701-1024x768.jpghttp://akcija.mk/wp-content/uploads/2015/07/DSCN2701-300x300.jpgAdrijana SelmaniВестиНастаниПромотивни настани
На 15.05.2015 во ресторанот Аркадија, во Велес, беше одбележано започнувањето на проектот Зелен сервис за граѓаните. Проектот ќе биде спроведуван од страна на организацијата Вила Зора. На средбата беше потпишана Декларација за соработка и учествуваа граѓански организации кои го пориваат регионот на Велес, но и околните општини: Градско, Неготино, Кавадарци, Росоман,...