За да креирате група на Facebook, изберете го јазичето Create group, кое се наоѓа на левата страна на почетната страница, под вашата профил-слика.

Facebook_19_fixed

Ќе ви се отвори прозорец со полиња кои треба да ги пополните. Во полето Group name, внесете го името на групата што ја креирате. Во полето Members, пак, внесете ги членовите на групата. Започнете со внесување на името на вашиот пријател и Facebook ќе почне да ги листа пријателите кои соодветствуваат со внесеното име. Движејќи се со стрелки од тастатурата или пак со покажувачот на глушецот, изберете го пријателот кој сакате да се придружи на групата. На овој начин изберете ги и останатите членови на групата.

Facebook_20_fixed

Во делот Privacy изберете го нивото на приватност на групата, односно изберете дали таа ќе биде од отворен тип, при што членовите и содржината ќе бидат јавни; од затворен тип, каде што членовите ќе бидат јавни, но содржината тајна и тајна група во која и членовите и содржината ќе бидат тајни. Со избор на опцијата Create ја креирате групата.

Facebook_21_fixed

Со тоа ќе ви се отвори страницата креирана за групата, која е многу слична на почетната страница на вашиот профил. На неа може да споделувате коментари, линкови, слики, видеа, настани или белешки на начин кој ќе биде објаснет во делот за тоа.

Facebook_22_fixed

Доколку сакате да извршите промени на податоците кои иницијално ги внесовте при креирање на групата, направете го тоа со избор на копчето Edit Group, кое се наоѓа во десниот горен агол. Овојпат ќе може, преку избор на јазичето Profile Picture, да додадете и соодветна слика за вашата група.

Facebook_23_fixed

Пронајдете ја сликата преку копчето Browse.

Веднаш до копчето Edit Group е и копчето Edit settings, преку кое можете да извршите прилагодување на опцијата за нотификација (пример: дали да бидете известени кога некој член на групата ќе коментира или ќе сподели нешто со групата). Доколку сакате известувањата да ги добивате по електронска пошта, штиклирајте ја опцијата Email notifications to и вашата адреса за е-пошта. Со избор на опцијата Send me group chat massages, дозволувате да ви пристигнуваат пораки од групниот чет.

Facebook_24_fixed

Групата, како средство за комуникација, овозможува и четување со сите нејзини членови. Доколку сакате да четувате со членовите, направете го тоа со избор на јазичето Chat with group, кое се наоѓа во десниот дел од страницата, веднаш под листата со членови на групата.

Facebook_25_fixed

Почнете го четот на истиот начин како што тоа би го направиле и со пријател. Доколку сакате дополнително да додадете членови во групата, направете го тоа преку линкот Add Friends to Group, кој се наоѓа веднаш под линкот за чет. Во секој момент може да ја напуштите групата со избор на линкот Leave Group, при што Facebook ќе ве праша за потврда дали сте сигурни за одлуката. Доколку одговорот е потврден, изберете ја опцијата Leave Group.

 

Facebook_26_fixed

Goce ArsovskiFacebook како алатка за промоција
За да креирате група на Facebook, изберете го јазичето Create group, кое се наоѓа на левата страна на почетната страница, под вашата профил-слика. Ќе ви се отвори прозорец со полиња кои треба да ги пополните. Во полето Group name, внесете го името на групата што ја креирате. Во полето Members,...