Групна обработка

Без оглед на начинот на кој ќе ги групирате сликите што ги поставивте на Flickr, особено корисна опција е Batch Edit, до која може да пристапите преку менито Organize and create, со избирање Sets и избирање на сетот кој сакате да го уредите.

Flickr28

Со помош на оваа опција, можете да смените одредени детали за сите слики кои сте ги сместиле во еден сет. Откако ќе кликнете на Batch Edit ќе добиете паѓачко мени во кое се прикажани голем број опции. Меѓу поважните се името, описот, ознаките, лиценците, типот, редоследот, опциите за приватност и мапирање.

Flickr29

Името, описот и ознаките на сликите може да ги промените во посебен, скок-прозорец, во кој покрај секоја слика ќе забележите празни полиња, кои може да ги пополнувате. Откако ќе ги пополните празните полиња, кликнете на Save да ги зачувате моменталните промени.

Flickr31

За лиценците веќе зборувавме, додека опциите за приватност ви овозможуваат да одредите кој ќе може да ги гледа вашите слики. Така, доколку не сакате вашите фотографии да бидат јавно видливи, одберете ја опцијата Only Me. Потоа, можете да им доделите пристап на групите Your Friends или Your Family, ако претходно имате креирано групи на пријатели или групи базирани на членови на вашата потесна или поширока фамилија.

Flickr32

Flickr33

Групите можете да ги креирате на главната страница на Flickr со одбирање на менито Groups и опцијата Create a New Group. Групите се еден начин на поврзување меѓу корисниците на Flickr. Генерално, групите се базираат на принцип на заеднички интерес, но во случај да не можете да најдете група која содржи дел од вашите интереси, секогаш може да си отворите лична.

Flickr34

Групите можат да бидат јавни, делумно приватни (со покани) или комплетно приватни.

Flickr35

Flickr35-1

Во однос на типот на фотографии за кои станува збор, може да ги поделите на фотографии, прикази (screenshots) и останати (илустрации или уметнички дела). Истото може да го направите и со видеата.

Flickr37

Редоследот на фотографиите може да го менувате со помош на опцијата Arrange. Фотографиите може да ги редите според датум на фотографирање, датум на поставување на фотографијата на Flickr, по азбучен ред и по случаен избор.

Flickr38

Мапирањето овозможува да му покажете на светот каде што се снимени фотографиите, односно кое географско место е прикажано на одредена фотографија. За да ја направите оваа промена, одберете ја опцијата Add items to the map. Потоа, саканите фотографии повлечете ги на мапата кон местото на кое сте ги снимиле. Ако во иднина, од која било причина, не сакате ова да биде јавно видливо, сменете го тоа со помош на опцијата Remove items from the map.

Flickr39

Следното мени кое може да го разгледате е Print and Create, сместено веднаш до менито во кое досега работевте.

Flickr40

Тука може да креирате разни облици на уметнички дела од вашите фотографии и потоа да ги печатите. Меѓу облиците ќе најдете печатени материјали, картички, фотокниги, колажи, календари и ѕидни фотографии. Новите корисници на сервисот добиваат можност да печатат 50 бесплатни материјали од своите фотографии, додека за другите опции треба да се плати одредена сума пари, која зависи од обликот на фотографија кој го сакате.

Flickr41

До сега објаснувавме за опциите кои се достапни во случај на организирање и средување поголем број слики, односно сетови со слики. Но, веројатно некогаш ќе сакате да промените одредени опции само кај една фотографија од вашиот сет. Тоа може да го направите со одбирање на саканата фотографија и некоја од достапните опции за обработка.

Обработка на една фотографија

Откако ќе кликнете на конкретната слика, над неа ќе го забележите паѓачкото мени Actions.

Flickr42

Први во листата на опции се јавуваат можностите за именување и означување на фотографијата. Ова е исто како кај сетовите, со таа разлика што во овој случај станува збор за акции врз поединечни фотографии.

Понатаму, со помош на следната опција, Add to/remove from set, можете да ја додадете сликата кон нов сет или да ја отстраните од моменталниот сет во кој сте ја сместиле.

Следната опција, Add to a Group, ви овозможува да ја додадете фотографијата кон некоја од групите за кои погоре зборувавме.

Flickr43

Корисна опција е и онаа за ротирање на фотографијата во рамките на Flickr. Ова може да го направите со селектирање на опцијата Rotate, по што ќе ви се отвори скок прозорец во кој ќе ви бидат достапни сите опции за ротирање. На вас останува само да ја одберете правилната.

Flickr44

Особено интересна опција е можноста за графичка обработка на фотографиите во рамките на Flickr. Имено, Flickr содржи вградено поврзување со Picnik, популарен сервис за онлајн-обработка на фотографии. Picnik е моќен сервис со кој лесно може да ги намалите, исечете или осветлите вашите слики, да се ослободите од црвените очи на фотографиите или едноставно да си поиграте со огромната листа на ефекти.  Така, лесно ќе ги обработите саканите фотографии веднаш по нивното поставување на Flickr.

За да почнете со користење на Picnik, кликнете на саканата фотографија која треба да ја обработувате и од менито Actions одберете ја опцијата Edit photo in Picnik.

Бидејќи за првпат ќе ја користите опцијата за обработка на сликите со Picnik, ќе добиете скокачки прозорец кој од вас ќе бара да му одобрите пристап на Picnik до вашиот Flickr профил. Кликнете на OK и почекајте да ви се прикаже едиторот на Picnik.

Flickr43

Изберете ги соодветните опции за да ги обработите вашите слики. Откако ќе завршите со обработката, одберете ја опцијата Save и вашата слика ќе се зачува со промените што сте ѝ ги направиле.

Flickr46

Потоа може да преминете на следната слика која сакате да ја обработувате.

Последната опција во менито е онаа за бришење на фотографиите. Кликнете на Delete this photo, по што, повторно преку скок прозорец ќе бидете прашани дали сте сигурни дека сакате да ја избришете фотографијата. Ако сте, одберете DELETE PHOTO и непотребната фотографија ќе биде неповратно избришана од сервисот.

Flickr47

 

Goce ArsovskiЧување и споделување фотографии на интернет (Flickr)
Групна обработка Без оглед на начинот на кој ќе ги групирате сликите што ги поставивте на Flickr, особено корисна опција е Batch Edit, до која може да пристапите преку менито Organize and create, со избирање Sets и избирање на сетот кој сакате да го уредите. Со помош на оваа опција, можете...